Општина Тетово започна со акција за ослободување на тротоарите и пешачките патеки
Во предизборната кампања за локалните избори (септември-октомври 2017 година) градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, вети чиста животна средина, подобрување на инфраструктурата со нови тротоари и нивно максимално користење. Во врска со ова во нејзината изборна програма „ Заедно, за Општината што ја сакаме“ , во делот „Патна инфраструктура, паркинг и јавен транспорт“ стр 23, се вели „дека е во тек е реконструкција на тротоарите“ и притоа се ветува дека „по нејзиното завршување ќе се поставува урбана опрема за максимално користење на јавните простори од граѓаните“. Ова ветување на градоначалничката Арифи е во тек
Ветување: По завршување на реконстркцијата на тротоарите ќе се поставува урбана опрема што ќе овозможи максимално користење на јавните простори од граѓаните
[Изборна програма за локалните избори 2017 г. на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи: „ Заедно, за Општината што ја сакаме“ стр 23 , датум: октомври 2017 ]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Во предизборната кампања за локалните избори (септември-октомври 2017 година) градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, вети чиста животна средина, подобрување на инфраструктурата со нови тротоари и нивно максимално користење. Во врска со ова во нејзината изборна програма „ Заедно, за Општината што ја сакаме“ , во делот „Патна инфраструктура, паркинг и јавен транспорт“ стр 23, се вели „дека е во тек е реконструкција на тротоарите“ и притоа се ветува дека „по нејзиното завршување ќе се поставува урбана опрема за максимално користење на јавните простори од граѓаните“. Ова ветување на градоначалничката Арифи е во тек.
На 1 март, Општина Тетово излезе со соопштение кое беше објавено и на официјалниот профил на градоначалничката на Тетово, каде известува за почеток на кампањата „Tвој град, твој простор”, при што се повикуваат „сите претприемачи кои го узурпираа јавниот простор во рок од 8 дена доброволно да го ослободат“. А, истиот ден на нејзиниот профил, исто така, е објавен и Законот за јавна чистота врз основа на кој се повикуваат претприемачите да ги ослободат јавните површини.
За ова акција од Општина Тетово известија и преку видео материјал објавен во Фејсбук профилот на градоначалничката, каде има повик до граѓаните и се дадени дополнителни објаснување за акцијата.
Во врска со оваа акција на 12.03.2018 од Општина Тетово изјавија:
После рокот од осум дена, и со информирање на сопствениците да ги ослободат јавните простори, комуналните инспектори денеска почнаа со акцијата за почеток на ослободување на тротоарите и пешачките места со цел слободна употреба од граѓаните.
Ги поттикнуваме сите сопственици на приватните бизниси и ја поздравуваме нивната подготвеност за соработка и за ослободување на јавните простори од нивните материјали. Ова акција ќе продолжи во сите улици и сите јавни простори во градот, а истиот ќе трае толку колку што ќе биде неопходно за да ги вратиме јавните простори во употреба на граѓаните. Сите кои нема да го почитуваат оваа барање и ќе постапат спротивно на барањата на комуналниот инспекторат ќе се казнуваат со соодветни казни.
На 16.03.2018 од Општина Тетово известија за текот на акцијата, а истата изјава беше пренесена и во медиумите:
Кампањата за ослободување на јавните простори се одвива успешно и ги даде очекуваните првични резултати за враќање на јавниот простор на граѓаните.
Во периодот што следува, Општинскиот инспекторат и Државниот пазарски инспекторат во соработка со МВР Тетово засилено ќе продолжат со работа и ќе го мониторираат систематски ослободувањето на тротоарите и зелените простори.
Имајќи ги предвид сите горенаведени информации, ова изборно ветување на градоначалничката на Тетово Теута Арифи има оценка „во тек“.
ИЗВОРИ:
- Политичка програма на градоначалничката на град Тетово „Заедно, за Општината што ја сакаме“2017 [проверено на 29.03.2018]
- Официјален Фејсбук профил на градоначалничката Теута Арифи [проверено на 29.03.2018]
- Официјален Фејсбук профил на градоначалничката Теута Арифи [проверено на 29.03.2018]
- Gazeta Express (16.03.2018) Во тек акцијата на Општина Тетово за ослобудавање на узурпираните тротоари [проверено на 29.03.2018]
- BotaSot (16.03.2018) Општина Тетово со акција за ослободување на узурпираните јавни простори [проверено на 29.03.2018]
- Официјален Фејсбук профил на градоначалничката Теута Арифи [проверено на 29.03.2018]
Оцени: Дрилон Салиу
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар