Општина Центар секоја година ги наградува најдобрите воспитувачки и негувателки
Годишна Награда за најдобра воспитувачка во Општина Центар, во висина од три просечни месечни плати. Годишна Награда за најдобра негувателка во Општина Центар, во висина од три просечни месечни плати
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, во изборната програма со која излезе за локалните избори 2013-2017 година вети годишна награда за најдобра воспитувачка и за најдобра негувателка во Општината. Ова негово изборно ветување дадено во споменатата изборна програма насловена како: „Иднината сега! Време е! Андреј Жерновски за Центар“ (стр.16), е исполнето.
На 25.05.2016 година медиумите информираа дека Општина Центар по третпат ги награди најдобрите воспитувачки и негувателки од оваа Општина.
Дваесет и две воспитувачки и негователки од градинките во општина Центар, денеска беа наградени како најдобри, најпосветени и најодговорни во својата работа.
Овој проект општина Центар го спроведува трета година по ред, а градоначалникот Жерновски соопшти дека од идната година општина Центар ќе го вреднува и наградува трудот и на целиот персонал во градинките
На официјалната веб-страница на Општина Центар може да се прочитаат информации за доделувањето на наградите на најадобрите воспитувачки и негувателки во 2014, 2015 и 2016 година
Овој проект се спомнува и во Отчетот на Жерновски за сработеното во изминатите четири години, „Центар 2013-2017“ (стр.41), каде е наведено:
Најдобрите негувателки и воспитувачки во општинските градинки секоја година добиваат награда за својата посветеност, одговорност, оригиналност и грижѓа за децата. Годишно доделуваме 22 награди.

ИЗВОРИ:
- Иднината сега! Време е! Изборна програма на Андреј Жерновски за Центар – 2013 (Центар – Општина со најдобри детски градинки – стр.16) [Пристапено на: 14.06.2017]
- issuu.com (06.06.2017): Центар (2013 -2017) [Пристапено на: 14.06.2017]
- еб- страница на Општина Центар : [Пристапено на: 14.06.2017]
- Вести.мк. (25.05.2016): Награди за воспитувачките и негувателките на Центар [Пристапено на: 14.06.2017]
- МКД (25.05.2016): Општина Центар ги награди најдобрите воспитувачки и негувателки (ФОТО) [Пристапено на: 14.06.2017]
- Веб- страница на Општина Центар (25.05.2016): Општина Центар ги награди најдобрите воспитувачки и негувателки [Пристапено на: 14.06.2017]
- Веб- страница на Општина Центар (10.06.2015):Наградени најдобрите воспитувачи и негователи од градинките во општина Центар [Пристапено на: 14.06.2017]
- Веб- страница на Општина Центар : (16.06.2014): НАГРАДИ ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР ЗА ОНИЕ СО НАЈМНОГУ ЉУБОВ И ВНИМАНИЕ ЗА ДЕЦАТА
[Пристапено на: 14.06.2017]
Оцени: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар