Општина Желино ги објавува на веб-страницата финансиските извештаи

Фото: mkd.zhelina.gov.mk

Градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу во изборната програма со која излезе на локалните избори пред четири години, во делот  Oтчетност кон граѓаните (стр.4) вети транспарентност на годишните финансиски извештаи. Според проверката на „Вистиномер“, ова негово изборно ветување е исполнето.

Ветување: Транспарентност на годишните финансиски извештаи

[Извор: Предизборна програма на градоначалникот Блерим Сејдиу, Општина Желино; датум: октомври 2017 ]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу во изборната програма со која излезе на локалните избори пред четири години, во делот  Oтчетност кон граѓаните (стр.4) вети транспарентност на годишните финансиски извештаи. Според проверката на „Вистиномер“, ова негово изборно ветување е исполнето.

При проверка на веб-страницата на Општина Желино, во делот Финансии, се појавува подкатегорија Завршни сметки, каде може да се најдат завршните сметки на Општината за изминатите години. Во документите прикачени онлајн во категоријата „Буџет“ се објавени планираните годишни буџети на Општината, како и ребалансот на буџетети. Овие документи може да се најдат на веб-страницата на албански јазик. Страницата е преведена и на македонски, но таму ги нема сите документи.

Во Извештајот за финансиска транспаретност на општините, направен од Центарот за економски анализи (ЦЕА), каде што меѓу неколкуте индикатори се наведени и годишните извештаи, Општина Желино е рангирана меѓу најтранспарентните општини во однос на финансиската транспаретност. Поточно, според нивната методологија оваа општина има 11 поени и се наоѓа во горниот дел на табелата, каде се прикажани оценките за сите 80 општини и градот Скопје (0 до 16 поени).

Извор: Индекс на буџетска транспарентност 2020-2021, Центар за економски анализи (ЦЕА)

Според ова истражување, Општина Желино е меѓу најтранспаретните во Полошкиот регион, со разлика од дури 9 бода од Општина Тетово, 4 од Општина Теарце, а 2 од Општина Јегуновце.

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, направи проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во Република Северна Македонија за 2021 година, преку индексот на отвореност. Резултатите од ова истражување , спроведено помеѓу 1 јуни и 15 јули 2021 година, со кое се опфатени сите 80 општини и градот Скопје, покажуваат дека Општина Желино се наоѓа на седмото место според индексот на отвореност (39 отсто). Меѓу индикаторите за отвореност на општините се проценува и нивната транспарентност, вклучувајќи ја и финансиската транспарентност како еден од најважните аспекти на работата на  локалнта самоуправа.

Извор: Индекс на отвореност на единиците на локалната самоуправа, Фондација „Метаморфозис“

Имајќи ја предвид оваа аргументација, ветувањето на градоначалникот на Општина Желино, Сејдиу за транспаретност на годишните финансиски извештаи, го оценуваме како исполнето.

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција