Органите за донорство не се земаат од сè уште живи пациенти

Фото: Image by Mohamed Hassan from Pixabay

Објавата заплашува дека од сè уште живи пациенти се крадат човекови органи за бизнис цели. Се тврди дека мозочната смрт не претставува вистинска смрт, бидејќи срцето уште чукало и виталните органи како што се црниот дроб и бубрезите работеле нормално. Спротивно на ова што се наведува во објавата, процесите на разложување на мртвото тело започнуваат во истиот момент откако се констатирала биолошката смрт кај пациентот, додека процесот на разложување на органите кај истиот, не започнува во истиот момент и за тоа треба дополнително време. Според „Донор алијанса“, има строго определени временски рамки за трансплантирање на органите 

Објавата заплашува дека од сè уште живи пациенти се крадат човекови органи за бизнис цели. Се тврди дека мозочната смрт не претставува вистинска смрт, бидејќи срцето уште чукало и виталните органи како што се црниот дроб и бубрезите работеле нормално. Спротивно на ова што се наведува во објавата, процесите на разложување на мртвото тело започнуваат во истиот момент откако се констатирала биолошката смрт кај пациентот, додека процесот на разложување на органите кај истиот, не започнува во истиот момент и за тоа треба дополнително време. Според „Донор алијанса“, има строго определени временски рамки за трансплантирање на органите 

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: 

„ДОНИРАЊЕ НА ОРГАНИ – ХУМАНОСТ ИЛИ БИЗНИС???

„[…] „мозочна смрт“ која не претставува вистинска смрт бидејќи тогаш срцето се уште чука, притисокот е нормален, температурата е нормална, виталните органи како што се црниот дроб и бубрезите работат нормално, а донаторот дише со помош на респиратор.

За време на отстранувањето на органите, често има ненадејни движења бидејќи телото е сè уште живо, што го попречува процесот на отстранување на органите.“

Во повеќето земји нема правна дефиниција за смрт и затоа во пракса се користат упатства како што се на пример, Правилата за дијагностика на смрт, воспоставени уште во 2008 од Академијата на Кралскиот медицински колеџ во Англија. Во други земји законите за правна дефиниција за смртта, можат да се разликуваат.  

Во С. Македонија, како што е посочено во текстот со наслов: „Органодонорство и трансплантација“, објавен на transplantacija.mk: 

Развојот на трансплантацијата во земјата доживеа значителен напредок со донесувањето на Законот за пресадување на делови од човечкото тело заради лекување во 2012 година. Овој закон овозможи трансплантацијата да се врши само во јавните здравствени установи кои имаат овластување и услови да вршат трансплантации. Веднаш потоа беше назначен Национален координатор за трансплантација, а секоја болница вклучена во активностите за трансплантација назначи и координатор за трансплантација на болница.

Додека во Законот за униформно утврдување на смрт од САД, се наведува дека:

Утврдувањето на мозочна смрт/смрт од невролошки критериуми е медицинска и правна одговорност. Основата е трајна кома и губење на сите функции на мозочното стебло, вклучувајќи неможност за дишење. Утврдувањето мора да биде точно и конзистентно, базирано на клиничка проценка.

Дополнително, треба да се напомене дека идентификувањето на клиничката смрт се врши по отсуство на свест, престанок на дишење и пулс, како и отсуство на реакција на очните зеници на светлина итн.. Ова е важно бидејќи се директен показател за медицинските лица да започнат со реанимација на пациентот.

Од друга страна, биолошка смрт е неповратен процес на изумирање на клетките, ткивата и органите. Притоа, таа се препознава по сушење на рожницата на окото (може да се детектира со странично притискање на окото, со што зеницата се здобива со вретеновидна форма, како кај мачките), понатаму се суши слузницата на носот, устата и половите органи, опаѓа температурата на телото, петна по кожата карактеристични за труповите, како и вкочанување на трупот. Ова е важно затоа ваквите пациенти стануваат потенцијални донори.

Сето ова противречи на објавата. Понатаму се споменува следново:

Човек во „мозочна смрт“ дише, се поти, срцето забрзано работи, има температура, се брани кога ќе се повреди со скалпел, со зголемување на притисокот и пулсот или се буди на операционата маса. 

ОРГАН НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕСАДУВА ОД МРТВО ТЕЛО, ТЕЛОТО МОРА ДА БИДЕ ЖИВО А КРВТА МОРА ДА ЦИРКУЛИРА!!!! 

Спротивно на ова што се наведува во објавата, процесите на разложување на трупот започнуваат во истиот момент откако се констатирала биолошката смрт кај пациентот, додека процесот на разложување на органите кај истиот, не започнува во истиот момент и за тоа треба дополнително време. На пример, срцето и белите дробови може да се трансплантираат во рок од 4-6 часа по отстранувањето од мртвото тело, додека црниот дроб од 8-12 часа, бубрезите имаат рок до 24-36 часа, итн. Временските рамки на трансплантирање на органите од мртво тело можат да се истражат подетално на веб-страницата „Донор алијанса“ 

Законот за униформно утврдување на смрт во САД (The Uniform Determination of Death Act, UDDA) бара мозочната смрт да се утврдува според прифатени медицински стандарди. Во 2018 година, Америкнската академија на невролози (AАН) и други здруженија ги сметаа упатствата на AAН од 2010 и 2011 година за прифатени стандарди. Овие упатства дефинираат мозочна смрт како трајно губење на функцијата на целиот мозок, вклучувајќи го мозочното стебло, што резултира со кома, отсуство на рефлекси на мозочното стебло и отсуство на дишечките функции. Ова може да се прочита во „Списанија за неврологија“ (Neurology Journals) објавено на 6 декември 2023 година.  

Според горенаведените факти, може да се заклучи оти тврдењето во објавата дека „органите за донорство се земаат од сè уште живи пациенти“, се смета за невистинито.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција