Ортопедски хирург неосновано тврди дека мРНК вакцините се штетни и дека треба да се суспендираат

Фото: Принтскрин видео

Нема докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат тромбови, како што се тврди во постот. Светската здравствена организација официјално соопшти дека нема потврда дека вакцината предизвикува згрутчување на крвта. Создавањето тромбови не е на листата на сериозни несакани дејства од вакцината на „Фајзер“ која може да се најде на страницата на Центарот за контрола и превенција од болести. ЦДЦ, исто така, официјално објави дека случаи на миокардитис и перикардитис многу ретко се пријавуваат по примена вакцина. Податоците од клиничките тестирања и почетокот на вакцинацијата против ковид-19, не покажуваат ниту поврзаност меѓу вакцините и стапката на канцер. Д-р Малик и претходно во јавноста има изнесувано неточни и непроверени информации во врска со вакцините, дека тие се штетни, дека вакцинираните имаат поголеми изгледи да се заразат со  коронавирус и да бидат хоспитализирани, дека луѓе умираат од вакцините и слично

Нема докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат тромбови, како што се тврди во постот. Светската здравствена организација официјално соопшти дека нема потврда дека вакцината предизвикува згрутчување на крвта. Создавањето тромбови не е на листата на сериозни несакани дејства од вакцината на „Фајзер“ која може да се најде на страницата на Центарот за контрола и превенција од болести. ЦДЦ, исто така, официјално објави дека случаи на миокардитис и перикардитис многу ретко се пријавуваат по примена вакцина. Податоците од клиничките тестирања и почетокот на вакцинацијата против ковид-19, не покажуваат ниту поврзаност меѓу вакцините и стапката на канцер. Д-р Малик и претходно во јавноста има изнесувано неточни и непроверени информации во врска со вакцините, дека тие се штетни, дека вакцинираните имаат поголеми изгледи да се заразат со  коронавирус и да бидат хоспитализирани, дека луѓе умираат од вакцините и слично

 

 

Пост на Фејсбук, повикувајќи се на изјава на ортопедскиот хирург д-р Ахмад Малик, посочува дека треба да се испита што се случува со вакцинираните против ковид-19 и повикува да се суспендираат мРНК вакцините.

Треба да испитаме што се случува?
Вака вели врвниот доктор/ортопед @MrAhmadKMalik кој повикува на целосно суспендирање на мRNA вакцините за ковид, со оглед на сериозни несакани нус појави од нив ( тромбови, срчеви удари итн итн), и се разбира прикривање на штетите .
Да се надеваме дека ке има домино ефект мегу медицинската заедница..

Во краткото видео под постот, д-р Малик вели дека мРНК вакцините треба да се стопираат поради сериозни несакани нуспојави од нив, тромбови, срцеви удари, невролошки заболувања, зголемена стапка на канцер. Но, докторот не дава конкртени податоци и докази за своите тврдења. Тој не нуди медицински докази дека мРНК вакцините ги предизвикуваат сите нарушувања кои ги посочува, ниту пак, нуди некакви податоци од истражувања. Само вели дека вакцините треба да се суспендираат затоа што се многу штетни.

Д-р Малик и претходно во јавноста има изнесувано неточни и непроверени информации во врска со вакцините, дека тие се штетни, дека вакцинираните имаат поголеми изгледи да се заразат со  коронавирус и да бидат хоспитализирани, дека луѓе умираат од вакцините и слично. Сите овие негови тврдења и претходно се оценети како неосновани и се дебанкирани од страна на независните проверувачите на факти на Фулфакт и Ројтерс.

 

Вакцините не предизвикуваат згрутчување на крвта

Нема докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат згрутчување на крвта.

Вакви случаи на редок несакан ефект наречен тромбоза со синдром на тромбоцитопенија (ТЅЅ), беа пријавени во неколку земји на почетокот на процесот на имунизација против ковид-19 и истите беа поврзувани со вакцината на „АстраЗенека“. Како што објави тогаш Европската агенција за лекови:

Само 22 случаи на тромбоза се пријавени меѓу повеќе од три милиони луѓе вакцинирани во зоната што ги вклучува ЕУ, Норвешка и Исланд.

И Светската здравствена организација (СЗО) официјално соопшти дека нема потврда дека вакцината предизвикува згрутчување на крвта.

Да, треба да продолжиме да ја користиме вакцината на „Астразенека“, нема причина да ја суспендираме, рече портпаролката на СЗО, Маргарет Харис на прес-конференција во Женева.

На веб-страницата на СЗО во врска со ковид вакцините пишува:

Вакцините против ковид-19 создаваат заштита од болеста, преку развивање на имунолошки одговор на вирусот САРС-Ков-2. Развивање на имунитет преку вакцинација значи намален ризик за развој на болеста и нејзините последици. Овој имунитет ви помага да се борите против вирусот доколку се изложите. Вакцинирањето, исто така, ги заштитува луѓето околу вас.

Антиваксерите и теоретичарите на заговор секогаш ја поврзуваат вакцината на „Фајзер“ со згрутчување на крвта. Но, нема докази дека оваа вакцина предизвикува згрутчувања на крвта и „Вистиномер“ досега има пишувано за тоа.

Не постојат медицински докази дека вакцината на „Фајзер“ ја оштетува крвта. Во „Журналот на автоимуност“, автори на студија од август  2021 година за вакцината на „Фајзер“, наведуваат дека таа не создава тромбови. Овој труд е цитиран во уште седум други трудови, според Националната американска библиотека за медицина.

Портпаролот на „Фајзер“ за странски проверувачи на факти, на прашањето дали вакцината против ковид на „Фајзер“ создава згрутчување на крвта, на 4 ноември 2021 година одговара дека нема докази за да се сугерира таквото тврдење.

Д-р Шрути Гохил, професор по заразни болести на Mедицинскиот факултет на Универзитетот во Калифорнија, Ирвин, во изјава за „Политифакт“ истакнува дека „тромбоцитите и другите фактори на коагулација се природно во нашата крв за да ни помогнат да го запреме крварењето кога ќе се повредиме, така што крвта природно се згрутчува многу лесно, освен ако не правите нешто за да не се згрутчи“.

Создавањето тромбови не е на листата на сериозни несакани дејства од вакцината на „Фајзер“ која може да се најде на страницата на Центарот за контрола и превенција од болести (ЦДЦ). ФДА и ЦДЦ се одговорни за долготрајни набљудувања на несакани реакции од ковид вакцините.

 

Вакцините не се поврзани со кардиолошки заболувања

„Вистиномер“ и порано пишуваше за ризикот од миокардитис, но дека тој е помал од ризиците од ковид-19 па затоа Центарот за контрола и превенција на болести ја препорачува вакцината.

Центарот за контрола и превенција на болести на САД официјално објави дека случаи на миокардитис и перикардитис многу ретко се пријавуваат по примена вакцина. Од април 2021 година во САД има пријавено околу 1.000 случаи на воспаление на срцето – миокардитис и перикардитис, после вакцинација. Според Центарот, овие извештаи се ретки, со оглед на стотиците милиони администрирани вакцини и се пријавени кај адолесценти и млади. Центарот за контрола и превенција на болести продолжува да ги следи овие извештаи со тоа што ги прегледува медицинските досиеја за да дознае што се случило и да разбере дали има каква било врска со ковид-19 вакцинацијата.

Повеќето пациенти кои добиле лекарска грижа, добро одговориле на третманот и веднаш потоа се чувствувале добротврдат оттаму.

Центарот продолжува да ја препорачува вакцината за сите над 12 години и напоменува дека потенцијалните бенефити од вакцинацијата натежнуваат споредено со ризиците, вклучително и ризикот од миокардитис. Исто така, повеќето пациенти со миокардитис кои добиле грижа, добро одговориле на третманот и се чувствуваат добро.

Ако вие или вашето дете сте ја примиле првата доза од Фајзер или Модерна вакцините, важно е да ја примите и втората доза, освен ако докторот не ве посоветува поинаку. Познатите и потенцијални бенефити од вакцината наттежнуваат над познатите и потенцијални ризици, вклучувајќи го ризикот од миокардитис и перикаритис. Исто така, поголемиот број пациенти со миокардитис и перикардитис кои добиле нега, добро одговориле на третманот и се почувствувале добро за кратко времепишува на официјалната страница на ЦДЦ.

Вакцината нема никаква поврзнаост со канцерот

Д-р Малик во своето видеоо не нуди никакви конкретни докази ниту за тоа дека мРНК вакцините се поврзани со зголемениот број на канцерни заболувања. Вакцините против ковид-19 и канцерот не се поврзани. Нема зголемување на стапката на канцер во светот откако е почната вакцинацијата, како резултат на самата вакцина. Во земјава и во светот, секаде се препорачува вакцинација против ковид-19 за пациентите со канцер затоа што тие имаат имунокомпромитиран систем.

Професорот за биологија на канцер, на Мехари медицинскиот колеџ, Доналд Алцендор за „Ју Ес Еј Тудеј“, вели дека нема основа за тврдењето дека вакцината предизвикува канцер.

Податоците од клиничките тестирања и почетокот на вакцинацијата против ковид-19, не покажуваат поврзаност меѓу вакцините и стапката на канцер, според експертите за здравство.

Повеќе од 6 милијарди луѓе имаат примено вакцина против ковид-19 ширум светот и инциденцата за канцер не е поврзана со апликацијата на вакцините, вели Алцендор.

И доктор Мајкл Имперале, професор на одделот за микробиологија и имунологија на Универзитетот во Мичиген, вели дека тврдењето дека ковид вакцините може да предизвикаат канцер е невистинито.

Ниедна состојка во вакцините не предизвикува канцер и нема докази за да се поврзе канцерот со вакцинацијата, изјави тој.

Доктор Марк Шломчик, претседател на Одделот за имунологија на Универзитетот во Питсбург за медицина, вели дека идејата дека вакцините може да предизвикаат канцер се невистинити.

Нема практичен начин вакцината да предизвика рак. Ниедна вакцина која било кога сме ја проучувале или е користена за да се превенира инфекција, било кога, била поврзана со канцер, вели тој.

Во сите упатства за користење на вакцините, канцерот не е наведен како несакан ефект. Повеќето луѓе кои се вакцинираат против ковид-19 имаат благи симптоми кои исчезнуваат за еден или два дена.

Пациентите со малигни хематолошки заболувања во Северна Македонија имаат и официјални препораки да се вакцинираат, од Клиниката за хематологија. Австралиската организација за канцер исто така препорачува вакцина за имунокомпромитираните пациенти со канцер.

Харвард објави студија која откри придобивки од ковид вакцините за пациентите со рак, а истото го покажа и студијата на Стенфорд во декември.

Генерално е познато дека од почетокот на вакцинацијата против ковид-19, до денеска, дезинформациите дека вакцината е причинител на многу болести е присутна во антивакциналниот сет на наративи за создавање страв и недоверба во вакциналниот процес. Таков е случајот и со изјавите и ставовите на д-р Малик изнесени во постот што го рецензираме.

Поради сето ова  постот го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција