Основан Ансамбл за албански народни ора и песни

Фото: Википедија

Во предизборната програма на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за последните парламентарните избори, во делот “Култура” е дадено ветување за формирање на Албански фолклорен ансабмл во Република Македонија. Ова ветување на ДУИ е исполнето.

 

Ветување:  Основање на фолклорна државна инсититуција- Албански фолклорен ансамбл

[Изборна програма за парламентарните избори 2016 г. на Демоктратската унија за интеграција ]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во предизборната програма на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за последните парламентарните избори, во делот “Култура” е дадено ветување за формирање на Албански фолклорен ансабмл во Република Македонија. Ова ветување на ДУИ е исполнето.

Во 23, ноември 2017, медиумите ги објавија првите информации за формирање на албанскиот ансамбл во Македонија. Тогаш детали за формирање на овој ансамбел даде и Државниот секретар во Министерството за кулутура, Валмир Азири. Според него, седиштето на оваа инсититуција ќе биде во Тетово, а првиот годишен буџет, земајќи ги предвид платите, инвестициите во костимографијата, инструментите и практичниот дел, изнесуваат околу 800 илјади евра.

На 12, декември 2017, тогашниот министер на култура, Роберт Алаѓозовски, прашан за оваа иницијатива на ДУИ за создавање на таков ансамбл, изјави:

Генерално ние ја унапредуваме културата на сите заедници во Македонија и претставници од ДУИ, одговарајќи на барањата на граѓаните од албанска етничка националност, побараа создавање на еден професионален национален ансамбл, кој што би се занимавал со негување на албанскиот фолклор и албанските традиции. Ние, поаѓајќи од тоа барање на втората најбројна заедница, немавме никаков проблем да им излеземе во пресрет на тие нивни барања. Така што, проектот за создавање еден таков ансамбл ќе се реализира во наредниот период и за тоа се обезбедени пари во буџетот.

A, на 27, декември 2017  заменик-премиерот, Хазби Лика, најавувајќи го формирањето на албанскиот ансамбл во својот Фејсбук профил напиша:

Создавањето на Албански ансамбл за песни и ора во Република Македонија беше приоритет во проектите предвидени за 2018 и денеска, почитувани, службено во седница на Владата помина информацијата за создавање на овој ансамбл. Културните вредности се важни за создавање и подобрување на меѓуетничката односи во нашата мултиетничка држава. Пожелувам овој ансамбл да служи за подигање на културната и национална свест.

На  7, март 2018 медиумите известија за одлуката на Владата во врска со основањето на Ансамблот:

Заради негување на играорната, вокалната и вокално-инструменталната фолклорна уметност на албанската заедница во Република Македонија, на денешната седница се основаше Национална установа „Ансамбл на албански народни ора и песни во Република Македонија“ – Скопје, како непрофитна установа од областа на културата.

Имајќи ги предвид овие информации, ветувањето за формирање на “Албански ансамбл на песни и оро во Република Македонија” го оценуваме како исполнето ветување од предизборната програма на ДУИ.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција