Основците во Струмица добиваат јаболко за ужина
Бесплатен оброк за сите ученици во основно образование
[Извор: Изборна програма на Коста Јаневски за локалните избори 2017-2021 – „Живот во Струмица за сите“ (стр.13); датум: октомври 2017]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Во кампањата за локалните избори (октомври 2017 година), градоначалникот на Општина на Струмица, Коста Јаневски, како кандидат на СДСМ за челната функција во Општината, меѓу другото, вети и бесплатна ужина за сите ученици во основното образование. Ова ветување на Јаневски дадено во неговата изборна програма „Живот во Струмица за сите“ , во делот посветен на учениците (стр.13), е исполнето.
Пред почетокот на оваа учебна година (2019/2020) дел од медиумите известија дека Општина Струмица за првпат од својот Буџет издвојува средства за ужина на ученици од основното образование во висина од 2.022.440 денари .
На први октомври градоначалникот Јаневски при посетата на основното училиште ,,Сандо Масев”, кажа дека Општината обезбедила средства основците секој ден да добиваат бесплатно здрав оброк – овошје за ужина.
На 28 октомври (2019) дел од медиумите информираа дека во Струмица започна да се реализира проектот „Здрав оброк за секое дете“, со кој сите основци во Општината секој ден ќе добиваат по едно јаболко.
Денеска започнавме со реализацијата на проектот Јаболко за секое дете – за здрави навики. Во сите основни општински училишта беа поделени вкупно 5. 000 јаболка на учениците од прво до деветто одделение. Секој ден од понеделник до петок децата ќе добиваат по едно јаболко. Со овој проект им овозможуваме на децата секојдневно консумирање на овошје и создавање на здрави навики во исхраната, “ кажа Јаневски при неговата вчерашна посета на основното општинско училиште „Никола Вапцаров“ во Струмица.
Информација и фотографии за проектот „здрава ужинка за сите деца“, со кој се опфатени децата од основите училишта од Општина Струмица, се објавени и на веб-страницата на Општината.
ИЗВОРИ:
- А1 ОН (12.10.2017): (ВИДЕО) Јаневски: Ќе обезбедиме бесплатен оброк за сите ученици во основното образование [Пристапено: 29.10.2019]
- Тајм.мк (12.10.2017): Јаневски: Ќе обезбедиме бесплатен оброк за сите ученици во основното образование [Пристапено: 29.10.2019]
- Изборна програма на Коста Јаневски за локалните избори 2017-2021 – „Живот во Струмица за сите“ (стр.13)[Пристапено: 29.10.2019]
- Веб-страница на Општина Струмица (30.08.2019): Основните и средните училишта во општина Струмица се подготвени за новата учебна година [Пристапено: 29.10.2019]
- Опсервер (31.08.2019): Училиштата во Струмица подготвени за новата учебна година со намален број првоодделенци [Пристапено: 29.10.2019]
- Дрнка.мк (01.10.2019): Јаневски најави бесплатен училишен прибор за 820 деца, униформи за 620 првачиња и ужинка овошје за основците во општина Струмица [Пристапено: 29.10.2019]
- Струмица нет (01.10.2019): За околу 800 ученици обезбеден училишен прибор од буџетот на општина Струмица [Пристапено: 29.10.2019]
- Макпрес (01.10.2019): Општина Струмица ќе им додели бесплатен училиштен прибор на 820 ученици од основните училишта [Пристапено: 29.10.2019]
- Веб-страница на Општина Струмица (22.10.2019): Јаневски: Задоволен сум од сработеното во првата половина од мојот мандат [Пристапено: 29.10.2019]
- Струмица денес (22.10.2019): (Видео) градоначалникот на Струмица со отчет пред струмичани, рече дека е задоволен од досега сработеното! [Пристапено: 29.10.2019]
- Веб-страница на Општина Струмица (28.10.2019): Околу 5.000 ученици од основните училишта во општина Струмица секој работен ден ќе добиваат по едно јаболко [Пристапено: 29.10.2019]
- Вести.ср (29.10.2019): Започна реализацијата на проектот „Здрав оброк за секое дете“ [Пристапено: 29.10.2019]
- Вечер (28.10.2019): За основците од Струмица обезбедени 5.000 јаболка дневно [Пристапено: 29.10.2019]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар