Основното училиште во Групчин доби енергетска фасада и соларни панели

Фото: ФБ профил на градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу

Градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу, во кампањата за локалните избори, меѓу другото, вети и реновирање на основното училиштето  во село Групчин. Ова ветувње на Сејдиу, дадено во неговата изборна програма , во делот „Образование“ – во рамки на проектот за реновирање на основните училишта во Општина Желино (стр.3), е исполнето. Основното училиште во Групчин од неодамна има нов изглед,  доби енерегтски ефикасна фасада и соларни панели.

 

Ветување: Реновирање на основното училиште во село Групчин

[Извор: Изборна програма на градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу,  стр.3 – датум: октомври 2017 г. ]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу, во кампањата за локалните избори, меѓу другото, вети и реновирање на основното училиштето  во село Групчин. Ова ветувње на Сејдиу, дадено во неговата изборна програма , во делот „Образование“ – во рамки на проектот за реновирање на основните училишта во Општина Желино (стр.3), е исполнето.

Основното училиште во Групчин од неодамна има нов изглед,  доби енерегтски ефикасна фасада и соларни панели. Фотографии од реновираната зграда на училиштето се објавени на официјалната Фејсбук страница на градоначалникот Сејдиу.

Училиштето „Пашко Васа“ во Групчин, по 30 години, го добива заслужениот изглед.

Во ова училиште инсталиравме соларни панели со цел да ја намалиме потрошувачката на електрична енергија, како и го изолиравме фасадата за да ученици учат во подобри, потопли и поудобни услови,  пишува во постот на Сејдиу објавен на 2 јуни.

Фото: ФБ профил на градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу

Во врска со реконструкцијата на училиштето  на веб-страницата на Општина Желино во октомври минатата година е објавена  информација во која, меѓу другото, се вели:

…Општина Желино  го доби проектот најавен во јануари 2020 година,  што се спроведува во рамките на програмата за намалување на загадувањето на воздухот за 2020 година – програма за енергетска ефикасност, а средствата се обезбедени од Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат.

Во рамки на реконструкцијата ќе биде направена нова фасадата со топлинска изолација, инвестиција вредна 1.200.000 денари.

Од Општина Желино за „Вистиномер“ потврдија дека „проектот е целосно имплементиран и учениците во септември ќе се вратат на настава во обновена училишна зграда“.

Имајќи ги предвид сето ова, веувањето на градоначалникот Сејдиу за реновирање на училиштето во село Групчин, го оценуваме како исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција