Осомничениот полицаец за случајот „Пулс“ Владо Петров не починал во притвор
Владо Петров не е починат во притвор, впрочем ниту еден од полициските службеници не бил и не е во притвор, туку сите се со мерки, велат од ОЈО ГОКК.
Владо Петров не е починат во притвор, впрочем ниту еден од полициските службеници не бил и не е во притвор, туку сите се со мерки, велат од ОЈО ГОКК
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Во притвор почина Владо Петров, еден од осомничените за случајот „Пулс“, воедно и поранешен главен инспектор во Кочани.
Владо Петров не е починат во притвор, впрочем ниту еден од полициските службеници не бил и не е во притвор, туку сите се со мерки, велат од ОЈО ГОКК.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ја води истрагата против полициски службеници, кои се товарат дека како службени лица вработени во СВР Штип и полициската станица во Кочани не направиле целосна и детална проверка за издавање согласност за добивање лиценца за дискотеката „Пулс“ во Кочани, меѓу другото и во делот на безбедноста во сообраќајот и јавниот ред и мир.
Постапката е во фаза на истрага и ОЈО ГОКК сè уште нема поднесено обвинение. Во другиот предмет пак, веќе има обвинителен акт за 34 физички и три правни лица за пожарот во „Пулс“.
Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како делумна невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар