Остануваат уште четири дена за пријава: Обука за проверка на факти и можност за еднонеделна посета во САД

Преку оваа програма, најдобрите учесници ќе имаат можност за практиканство во медиумите на Метаморфозис, Мета, Порталб или Вистиномер, а двајца ќе имаат можност да поминат еднонеделна студиска посета во САД. Предавач на обуката, која ќе се одржи во Струга од 22 до 24 март 2023 година, меѓу останатите, ќе биде еминентниот новинар Џон Гринберг, дописник на PolitiFact

 

 

Остануваат уште четири дена до крајниот рок (03.03.2023 година) за апликација за учество во обука „Дезинформации и проверка на факти“, преку која двајцата најдобри учесници ќе имаат можност да заминат на еднонеделна посета во САД.

Предавач на обуката, која ќе се одржи во Струга од 22 до 24 март 2023 година, меѓу останатите, ќе биде еминентниот новинар Џон Гринберг, дописник на PolitiFact.

За обуката можат да аплицираат сите млади луѓе на возраст до 29 години кои потекнуваат од Југозападниот и Пелагонискиот регион, преку пополнување на формуларот на следниот линк: https://icfj.tfaforms.net/4995004.

Предавачот на обуката, Гринберг, бил дел од тимот на PolitiFact за време на претседателските избори во 2012 година и еден од проверувачите на факти кои го основаа PunditFact во 2013 година – проект посветен на проверка на точноста на тврдењата на експерти, колумнисти, блогери, политички аналитичари, водители и гости на ток-шоуа. Гринберг два пати бил добитник на награди од Здружението на професионални новинари за истражувачко известување. Покрај Гринберг, обучувачи ќе бидат и Владимир Петрески, главен уредник на Вистиномер и Мери Јордановска, заменик главен уредник во новинската агенција Мета.

Оваа обука е дел од програмата „Новинарство за новата генерација: Програма за медиумска обука“ на Фондација Метаморфозис во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ), а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје.

Преку оваа програма, најдобрите учесници ќе имаат можност за практиканство во медиумите на Метаморфозис, Мета, Порталб или Вистиномер, а двајца ќе имаат можност да поминат еднонеделна студиска посета во САД.

Преку работилници, практиканства и студиска посета на САД, програмата ќе им обезбеди на младите неопходни вештини за висококвалитетно известување со користење податоци и потврдени факти, ќе ги запознае со примената на економични дигитални алатки или алатки со отворен код во нивната работа и ќе ги поврзе со колеги со слични размислувања за размена во врска со заедничките проблеми и потенцијалните решенија.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција