Отворена првата градинка во населбата Пинтија

Новата градинка во Пинтија е отворена во јуни 2016 година Фото: Принтскрин Општина Кисела Вода

Отворање на клон на јавна детска градинка во продолжение на подрачното ОУ „Рајко Жинзифов“ во населбата Пинтија за 80 деца. Средствата за овој проект ќе ги обезбеди општината Кисела Вода. (Рок за реализација: декември 2014 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Новата градинка во Пинтија е пуштена во употреба во јуни 2016 година. Ова е  исполнето ветување на  градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, кое таа го  вети  во  Изборната програма (2013-2017) Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Кисела Вода!“ (Социјална заштита и социјална превенција, стр. 53),  со забелешка дека тоа е реализирано  година и пол подоцна од рокот наведен во Изборната програма (декември 2014 година).

Изградбата на градинката почна  минатото лето. На 29 јуни 2015 година беше поставен камен-темелникот на детската градинка, која, како што беше соопштено, ќе се простира на површина од 480 кавадратни метри. Градоначалничката Беличанец – Алексиќ тогаш рече дека „градинката ќе биде со капацитет меѓу 80-90 дечиња, ќе има три занимални за деца на возраст од 3-6 години и една занимална јасли, придружно со сите стандарди и услови“, и дека  изградбата на градинката е целосна инвестиција на општина Кисела Вода во износ од над 18,5 милиони денари.

Градинката беше изградена и официјално пуштена во употреба на  29 јуни 2016 година. На свечениот настан, организиран по тој повод Беличанец – Алексиќ , меѓу другото рече :

Оваа градинка е прва во населбата Пинтија и е дел од она што локалната самоуправа треба да го прави, а тоа е да ги урбанизира сите населени места кои со текот на времето биле запоставени

Информација за тоа дека Пинтија доби детска градинка,  може да се прочита и  на веб-страницата на Општина Кисела Вода.

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на текстот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција