Отворени се детски градинки во с. Оризари и с. Бели

Отворање на градинка во с. Оризари Фото: Општина Кочани

 

Проект: Изградба на детски градинки во с. Оризари и во с. Бели.

Опис на проектот: Преку изградба на детски градинки ќе создадеме подобри услови за најмладите и ќе го подигнеме степенот на грижа за нив. Средства: 9.230.000 денари. Извор на финансирање: Буџет на Република Македонија. (Рок: 2015-2016 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за изградба на детски градинки во с. Оризари и во с. Бели е исполнето ветување на градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски. Проектот е содржан во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013-2017 година, насловена како „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Кочани!“ (стр.70).

Градинката во с. Бели, според информации од официјaлниот Фејсбук – профил на градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски, била пуштена во употреба на 04.04.2013 година, односно само еден месец по неговото стапување на функција.

Градоначалникот Ратко Димитровски заедно со Министерот Спиро Ристовки ја пуштија во употреба новата градинка во село Бели. Градинката е со капацитет за 20 дечиња која што многу ќе го олесни развојот на младите деца.

Што се однесува на градинката во с. Оризари, на 05.08.2014 година, весникот Вечер информира дека таа забрзано се гради.

Во населбата Оризари, општина Кочани, забрзано се одвиваат работите за изградба на просториите на новата детска градинка. Се работи на преадаптација на 200 метри квадратни корисна површина во приземјето на зградата од поранешната општина Оризари, сега сопственост на општина Кочани.

На 09.02.2016 година, телевизија Сител објави дека градинката во с. Оризари е отворена и дека таа има капацитет да згрижи 50 деца.

На отворањето на „Кокичиња“ денеска во Оризари, присуствуваше и кочанскиот градоначалник Ратко Димитровски, кој рече дека најпрво селото Бели, а сега и Оризари доби детска градинка, а следното населено место во Општината што ќе добие детска градинка е Тркање.

Информацијата беше пренесена и на официјалната веб – страна на општина Кочани.

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјални работи, Диме Спасов во кочанската населба Оризари свечено ја отвори детската градинка „Кокичиња“, клон на Детската градинка „Павлина Велјанова“ од Кочани.

Изградбата на градинката во с. Оризари, градоначалникот Димитровски ја спомнува и во својот отчет за сработеното во 2016 година, даден на 13.02.2017 година.

Посебно водевме грижа за нашите најмлади сограѓани. Со средства од Министерството за труд и социјална политика во Оризари се прилагоди простор за детска градинка со можност за згрижување на педесетина деца, јави порталот Комарец.

Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека ветувањето на градоначалникот на Кочани за изградба на детски градинки во с. Бели и с. Оризари е исполнето во ветениот рок.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција