ОУ „Александар Здравковски“ во Јегуновце не доби спортска сала

Од свеченоста по повод завршувањето на новата фасада на училиштето Фото: Веб-страница на Општина Јегуновце

 

Проект: Изградба на училишна спортска сала во ОУ „Александар Здравковски“ во Јегуновце.

ОПИС: Со цел поттикнување правилен физички развој и поттикнување на спортскиот и на натпреварувачкиот дух кај младите, општина Јегуновце ќе изгради спортска сала во ОУ „Александар Здравковски“. Средствата за реализација на овој проект во износ од 40 милиони денари ќе бидат обезбедени во соработка со Владата на Република Македонија. (Рок: 2015-2016 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот: „Изградба на училишна спортска сала во ОУ „Александар Здравковски“ во Јегуновце“,  што го вети актуелниот градоначалник на оваа Општина,Тони Коцески за локалните избори во 2013 година, тој не успеа да го реализира за целиот негов мандат од четири години . Според предвиденото во изборната програма на Коцески: „Нови дела за нов напредок, ниви дела за подобро Јегуновце“ (стр.22), спортската сала во ова основно училиште требаше да биде изградена уште пред една година , односно во периодот 2015 -2016 година.

Во јануари 2017 година градоначалникот на Општина Јегуновце,  Коцески  на прес-конференција на која ги најави активностите на локалната самоуправа за 2017 година  спомна и

изградба на нова училишна спортска сала во Александар Здравковски- Јегуновце.

Сепак, изградбата на споменатата спортска сала не започна, а тоа го потврди и самиот Коцески на прес – конференцијата одржана на 27 август 2017 година, на која даде отчет за сработеното.  Како што беше пренесено, тој  тогаш  информирал дека:

училишната спортска сала во Јегуновце што била планирана да се изгради оваа година (2017  н.з.) поради изборните активности и случувањата не успеале да ја изградат.

Коцески тоа го потврдува и во пишаниот Отчет кој е поставен на интернет страницата на Општина Јегуновце, каде што се гледа дека салата е планирана како активност која треба да се реализира во текот на неговиот нов мандат, се разбира доколку ги добие изборите. Проектот сега е преименуван во „Изградба на нова спортска сала во населено место Јегуновце“, со напомена дека се обезбедени пари.

ПРОЕКТИ КОИ СЕ ВО ТЕК НА РЕАЛИЗАЦИЈА И ЗА КОЈ СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА.

  • ИЗГРАДБА НА ЛОКАЛНИ ПАТИШТА СО БЕХАТОН ПЛОЧКИ ВО ПОВЕЌЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА. -ИЗГРАДБА НА МИНИ ИНДУСТРИСКА ЗОНА ВО Н.М ПОДБРЕЃЕ.
  • ИЗГРАДБА НА НОВА СПОРТСКА САЛА ВО Н.М ЈЕГУНОВЦЕ.
  • ИЗГРАДБА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО ЖИЛЧЕ.
  • ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИТЕ СПОРТСКИ ИГРАЛИШТА ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА. -ИЗРАБОТКА НА НОВИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ЗА ПОВЕЌЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА

Според  прикажаното во Отчетот, како и од изјавата на градоначалникот на Општина Јегуновце дадена пред еден месец (на крајот на август 2017), јасно се гледа дека ова негово изборно ветување не е исполнето во мандатот од 2013 до 2017 година.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Рада Исовска – Маневска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција