ОУ „Блаже Конески“ во Аеродром сè уште не доби енергетска фасада

Училиштето требаше да добие нова фасада пред една година Фото: Принтскрин ФБ страница на ОУ„ Блаже Конески“

Проект: Зголемување на енергетската ефикасност на ОУ „Блаже Конески“ со реконструкција на фасадата

Опис на проектот: Со овој проект ќе се зголеми енергетската ефикасност со тоа што ќе биде поставена термодемит фасада, при што ќе се зголеми изолацијата на објектот, а ќе се намали потрошувачката на електрична енергија и ќе се обезбеди заштеда на училишниот буџет. (Средства: 8.000.000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината  Рок: септември 2015 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот: „Зголемување на енергетската ефикасност на ОУ „Блаже Конески“ со реконструкција на фасадата  го  најави  градоначалникот на Аеродром  Ивица Коневски,  во неговата Изборна програма (2013-2017), Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Аеродром!  (Образование и наука , стр. 23). Според изборните проекции на Коневски, проектот требаше да се реализира со пари од Општината и во период 2013 -2015 година, но досега (19.07.2016) ова ветување  не е исполнето.

Електронското пребарување не дава информации дека во  ОУ „Блаже Конески“ е направена нова енергетска фасада, ниту пак,  има достапни информации за некакви активности поврзани со овој проект.

И на веб-страницата на Општина Аеродром, нема записи дека е постевна „термодемит фасада“ на споменатото училиште. На сајтот на Општината за ова училиште пишува само дека:

Во текот на 2012 година се изврши реконструкција на покривот, се заменија прозорци на дел од училишна зграда, се заменија подовите и се изврши реконструкција на водоводната инсталација.

Информација за тоа дека е зголемена „енергетската ефикасност на училишниот објект“, нема ниту на  Фејсбук страницата на ОУ „Блаже Конески“, каде од  фотографиите може да се види дека сè уште не е сменета страта  фасада на училиштето.

Имајќи го предвид сето ова може да се заклучи дека ветувањето: „Зголемување на енергетската ефикасност на ОУ „Блаже Конески“ со реконструкција на фасадата“ , е неисполнето.

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на текстот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција