Ова не е „првата фотографија од Асад во Москва“ по падот на неговиот режим
Фотографијата што се споделува во објавата што ја рецензираме е од февруари 2023 година и го прикажува Асад и неговата сопруга Асма како ги посетуваат жртвите од земјотрес во болница во Алепо, Сирија
Фотографијата што се споделува во објавата што ја рецензираме е од февруари 2023 година и го прикажува Асад и неговата сопруга Асма како ги посетуваат жртвите од земјотрес во болница во Алепо, Сирија
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук на која се споделува фотографија од Башар ал Асад заедно со неговата сопруга и пишува:
(Фото) Прва фотографија од Асад во Москва.
Во склоп на објавата се споделува краток текст, со истиот наслов „(Фото) Прва фотографија од Асад во Москва.
Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, фотографијата е од постар датум и не го прикажува Башар ал Асад по пристигнувањето во Русија по падот на неговиот режим во Сирија. Откако сириските бунтовници влегоа во главниот град Дамаск, тоа претставуваше и крајот на режимот на Асад кој беше обвинет за тортура и употреба на хемиско оружје против сирискиот народ, мачење и апсења.
Русија му даде на семејството на ал Асад азил на „хуманитарна основа“, откако тој замина во Русија по преземањето на власта од страна на бунтовниците.
Асад побегна со своето семејство во Русија каде што добија азил, објави Ројтерс на 8 декември, цитирајќи го Михаил Улјанов , рускиот амбасадор во меѓународните организации во Виена.
Фотографијата што се споделува во објавата што ја рецензираме е од февруари 2023 година и го прикажува Асад и неговата сопруга Асма како ги посетуваат жртвите од земјотрес во болница во Алепо, Сирија.
На снимката од првата до десеттата секунда се гледа како Асад и неговата сопруга се приближуваат до болницата во Алепо, така што не е вистина дека тоа е „првата негова фотографија по пристигнувањето во Русија“.
„Ал Арабија Њуз“ тогаш извести дека Асад и неговата сопруга ја посетиле Универзитетската болница во Алепо за да се сретнат со преживеаните од земјотресот што ја погоди Турција и неколку региони на Сирија на 6 февруари 2023 година. Во несреќниот настан загинаа повеќе од 3 илјади луѓе. Извештајот за посетата на сирискиот претседател на настраданите од земјотресот во Алепо, го објави и Ројтерс.
Извештајот објавен од France24 на 10 февруари 2023 година, вклучува слика на Асад и неговата сопруга облечени во иста облека што се гледа на клипот и сликата додека се среќаваат со преживеаните од разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди турската провинција Кахраманмарас а поради кој беа соборени згради во Турција и Сирија.
Дека виралната фотографија на Асад и неговата сопруга не е поврзана со актуелните случувања во Сирија и неговото одење во Русија потврдија и повеќе светски сервиси за проверка на факти меѓу кои Euronews , Maldita , DW и USA Today .
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Фотографијата во објавата не е „првата фотографија од Асад по неговото заминување во Русија“.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар