Оваа гестикулација нема врска со „западна окултна олигархија“

Фото: Принтскрин видео, официјален ФБ профил на Панче Тошковски

Ниту еден реномиран историчар, антрополог или експерт за говор на телото не ја поврзува оваа гестикулација со окултни практики. Таа е премногу едноставна и распространета во различни култури за да биде таен код.

Ниту еден реномиран историчар, антрополог или експерт за говор на телото не ја поврзува оваа гестикулација со окултни практики. Таа е премногу едноставна и распространета во различни култури за да биде таен код. Повеќето јавни личности ја користат спонтано, не како ритуал и не е точно дека оној што ја користи оваа гестикулација „покажува дека е пионче на западната окултна олигархија“

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и пишува:

Покажува дека е пиунче на западната окултна олигархија.

На фотографијата со црвен круг заокружен е пределот околу дланките на министерот, а кои се поставени во формација „дијамант“.

Оваа фотографија е најверојатно исечена од видео кое Тошкоски го објави на неговиот официјален Фејсбук профил на стартот на системот „Безбеден град“.

Формацијата на рацете на фотографијата — кога врвовите на прстите од двете раце лесно се допираат и формираат некаков триаголник или „дијамант“ — не е таен окултен знак и не постојат веродостојни докази дека има врска со некаква „западна окултна олигархија“. Ова е многу честа гестикулација во јавното говорење и во истражувањата за говор на телото.

Оваа гестикулација во литературата за говор на телото се нарекува steepling — кога врвовите на прстите од двете раце се допираат, налик на мал покрив или кула. Вообичаено се толкува како знак на самодоверба, авторитет, контрола, размислување и фокус.

Директори, политичари, телевизиски водители и јавни говорници често ја користат оваа гестикулација за време на интервјуа или говори. Ова е глобално распространета и нормална гестикулација, а не нешто тајно или ритуално. Не постои историска или академска основа што ја поврзува оваа гестикулација со тајни друштва, окултни елити или конспиративни „олигархии“.

Експертите за говор на телото кои детално ги проучуваат гестикулациите заклучуваат дека опуштените позиции на рацете (како steepling) често укажуваат на самодоверба. Луѓето несвесно усвојуваат гестикулации што ја поддржуваат нивната порака, расположение или статус.

Во текст објавен на „Бизнис Инсајдер“ пензионираниот агент на ФБИ Џо Наваро, кој е автор на книгата „Што ни говори секое тело“, вели дека овој гест е универзален симбол на самодоверба и често се користи од страна на луѓе на лидерски позиции. Канцеларката Ангела Меркел е меѓу најпознатите.

Ниту еден реномиран историчар, антрополог или експерт за говор на телото не ја поврзува оваа гестикулација со окултни практики. Таа е премногу едноставна и распространета во различни култури за да биде таен код. Повеќето јавни личности ја користат спонтано, не како ритуал и не е точно дека оној што ја користи оваа гестикулација „покажува дека е пионче на западната окултна олигархија“.

Steepling е гестикулација која е одраз на самодоверба, а не таен код.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција