Овој Фејсбук пост е доказ дека времето ги демантира дезинформациите
Ќе дозволат ефективни лекови против Ковид… оние лекови со кои ВИП личностите на светот се излекуваа за 3 дена. Им верувам на овие информации бидејќи сум ги слушнал и од други извори, се вели меѓу другото во постот што го рецензираме.
П.С: Не знам како да го оправдам нивниот безобразлук и криминал во овие 20 месеци терор со присилна вакцинација на народот – кога постојат лековите и за кои толку долго зборувам (основајќи се на бистрите умови на науката). Се прашував: Зошто вршат толкав притисок за да заврши вакцинацијата до септември?! прашува авторот на ова дезинформација.
Задолжителната вакцинација не ги загрозува, туку напротив, таа ги продлабочува нашите граѓански слободи. Тие ги штитат оние кои се позагрозени од нас, вклучително и лицата со попреченост и ослабен имунолошки систем, децата и другите групи на населението кои се најпогодени од оваа болест, изјавија Кол и Мак за Њујорк Тајмс во септември.
Во ова време задолжителната вакцинација би била контрапродуктивна! Кога на луѓето им се нуди она што сега го нарекуваме теории на заговор, кај нив се буди недоверба и недоразбирања. Овие мерки само ќе ги зајакнат овие убедувања, рече Дики Будиман, индонезиски епидемиолог од СЗО.
Затоа СЗО вели дека задолжителната вакцинација може да се земе предвид само кога владите веќе вложиле максимални напори да ги решат дилемите на оние кои одбиваат да се вакцинираат и да анализираат дали нивното невакцинирање би го загрозило здравјето на другите.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар