Падот на француската влада не значи дека Макрон заминува во историјата

Емануел Макрон. Фото: Фликер

Падот на француската влада нема никаква врска со заминување на Макрон во историјата. Макрон останува претседател на Франција до 2027 година кога му истекува мандатот и по тоа нема право повеќе да се кандидира на оваа функција која ја извршуваше во два мандата. Но и тоа нема да значи дека тој ќе замине во историјата. Дали ќе продолжи со својата политичка кариера останува да се види

Падот на француската влада нема никаква врска со заминување на Макрон во историјата. Макрон останува претседател на Франција до 2027 година кога му истекува мандатот и потоа нема право повеќе да се кандидира на оваа функција која ја извршуваше во два мандата. Но и тоа нема да значи дека тој ќе замине во историјата. Дали ќе продолжи со својата политичка кариера останува да се види

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Француската влада официјално падна по гласањето недоверба во парламентот. Макрон оди во историјата.

Не е точно дека со падот на француската влада, Макрон оди во историјата. Прво, Макрон не е премиер за да замине со Владата, туку е претседател на Франција и има мандат до 2027 година.

Францускиот парламент на 4 декември 2024 година ѝ изгласа недоверба на владата предводена од премиерот Мишел Барние, по што Барние поднесе оставка од функцијата.

Претседателот Емануел Макрон побара од Барние и владата привремено да останат на функцијата додека тој не го номинира новиот премиер, објави Елисејската палата, пренесе Радио Слободна Европа.

Во своето обраќање до нацијата по падот на владата, претседателот на Франција Емануел Макрон нагласи дека за кратко време ќе именува нов премиер и дека тој ќе остане на претседателската функција до крајот на мандатот, односно дека нема да си поднесе оставка.

Мојата цел е да ја направам Франција посилна и поправедна. Ќе останам претседател до крајот на мојот мандат, бидејќи верувам во вредностите и одговорноста што доаѓаат со мојата работа и одговорноста за земјата, рече Макрон.

Како што пишува Дојче Веле, можноста за предвремени парламентарни избори во Франција е исклучена. Уставот предвидува временски рок од најмалку една година помеѓу два парламентарни избори. Како што претседателот Макрон – на изненадување на сите – повика на избор на нов парламент по европските избори на почетокот на јули, сега може да распише избори за новиот парламент најрано следното лето.

За тоа дали Макрон може да се повлече од претседателската функција, како што посочува Дојче Веле, тоа е желба на опозицијата, но тешко дека може да се случи. Макрон е избран до 2027 година и решително ја отфрли можноста за предвремено повлекување. И за разлика од премиерот, тој не може да биде сменет од Парламентот. Во 2027 година, пак, за него навистина е крај на претседателската функција, бидејќи уставот не дозволува нова кандидатура по два мандати.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека падот на француската влада нема никаква врска со заминување на Макрон во историјата. Макрон останува претседател на Франција до 2027 година кога му истекува мандатот и по тоа нема право повеќе да се кандидира на оваа функција која ја извршуваше во два мандата. Но и тоа нема да значи дека тој ќе замине во историјата. Дали ќе продолжи со својата политичка кариера останува да се види. Поради тоа, објавата која ја анализираме ја оценуваме како недостиг на контекст.

Точно е дека француската влада падна. Но, тоа не значи дека Макрон заминува во историјата во ситуација кога неговиот мандат трае до 2027 година и тој нема намера да си замине, како и кога нова влада може да се креира набрзо. Точно е и дека ова ќе му ја отежне работата на претседателот, како и дека тој не може да се кандидира за уште еден мандат заради уставни ограничувања, но до крајот на мандатот на Макрон има повеќе од две години и со оглед на тоа не може да се говори дека „Макрон оди во историјата“, како небаре неовото време како претседател на Франција да завршува со падот на Владата.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција