Пандемијата Ковид-19 ја погоди и трговијата на „Балканскиот Шенген“
Појавата на пандемијата со Ковид-19 ги предизвика државите да ги затворат своите граници со цел да го ограничат ширењето на Коронавирусот. Мерките за ограничување се чини дека имаат значително влијание врз падот на трговијата меѓу земјите учеснички, на т.н. Балкански Шенген
Пандемијата „Ковид-19“ значително ја намали трговијата меѓу земјите од регионот. Во текот на март и април 2020 година, вредноста како и количината на трговската размена се намалиле за 40 проценти. Ова го говори официјалната статистика во Албанија:
Според податоците на Институтот за статистика на Албанија, ИНСТАТ, трговската размена, особено во земјоделството, доживеала значителен пад.
Трендот на намалување на извозот и увозот меѓу државите на „Балканскиот Шенген“ продолжи и во текот на април 2020 година.
Претседателот на националниот форум на производители во Северна Македонија, Нагип Фејзи во интервју за „Еуроњуз Албанија“ уште на на 4 мај, оцени дека е неопходно што поскоро да се отворат границите, за економијата да не доживее колапс.
„Бизнисите во нашите земји се оштетени, особено производителите што јас ги претставувам. Поради тоа што има значителен пад на бројот на смртни случаи во регионот, мислам дека дојде време границата да се отвори. Очигледно е дека има обиди за отворање на регионалните граници, но во моментов во Северна Македонија не се гледа никаква иницијатива околу истата. Денес треба да започнеме да зборуваме за економската пандемија. Ги повикувам Стопанските комори, разните бизниси, да извршат притисок врз политиката, која ја заврши својата работа. Да не губиме време околу ова прашање, бидејќи се наоѓаме пред колапс на албанските бизниси. Отворањето на границите би ги ублажил економските проблеми низ кои минуваме“, рече Фејзи.
Во меѓувреме и Стопанската комора на Албанија ја признава економската штета, и затоа отворањето на границите се смета како итна потреба да не се доведе до колапс на економијата на земјата.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар