Пандемијата не го спречи одржувањето на Поинт 9.0 – најголемиот собир на НВО секторот од регионот

Фото: metamorphosis.org.mk

Денеска во Сараево, БиХ, по 9-ти пат започна Поинт конференцијата (Политичка отчетност и нови технологии/Political Accountability and New Technologies), кој претставува платформа за комуникација на граѓанското општество, охрабрува користење на новите технологии во сите области од јавниот интерес, презема улога на форум за размена на  ставови и искуства, истовремено обидувајќи се да биде инкубатор за развивање на нови идеи, проекти и стратегии.

Денеска во Сараево, БиХ, по 9-ти пат започна Поинт конференцијата (Политичка отчетност и нови технологии/Political Accountability and New Technologies), кој претставува платформа за комуникација на граѓанското општество, охрабрува користење на новите технологии во сите области од јавниот интерес, презема улога на форум за размена на  ставови и искуства, истовремено обидувајќи се да биде инкубатор за развивање на нови идеи, проекти и стратегии.

Во густо набиената од наутро до навечер дводневна агенда, главните теми за дискусија годинава ќе се однесуваат на последиците кои пандемијата ги има врз работата на невладините организации, нивните вработени и активисти и начините на справување со новонастаната ситуација кога работењето на далечина претставува норма, но сѐ уште постои потреба од комуникација лице в лице. Ќе се говори за тоа како се менува природата на самата работа преку употребата на алатките за далечинска комуникација, како да се засили ефикасноста на невладините организации во вакви услови. А, ќе стане збор и за тоа што значат овие промени кога се работи за настани какви што се конференциите, семинарите и работилниците, кои отсекогаш претставувале важна компонента во работата на НВО секторот со оглед на нивната едукативна функција.

Редица панели ќе се однесуваат на проверката на факти и предизвиците со кои се соочуваат новинарите кои работат во оваа област. Големо внимание ќе биде посветено на состојбата со човековите права и сочувувањето на слободата на изразување во време на пандемија. Во таа смисла, ќе се говори и за новинарството во време на пандемија, за последиците на инфодемијата (пандемијата на дезинформации) и напливот на теориите на заговор на социјалните мрежи, при што проверувачи на факти од целиот регион ќе ги споделат своите искуства.

После две и пол години работење он-лајн, сметаме дека конференција во живо е најдобар начин луѓето да се видат и да разменат идеи. Сакавме Поинт 9.0 да го направиме поинаков, да биде рефлексија на пандемијата, на сето она што ни се случуваше, зашто многу работи  се сменија – начинот на кој работиме, на кој живееме, на кој се чувствуваме, како пандемијата се одрази на менталното здравје, на човековите права и затоа сакаме да ги отвориме сите прашања и да видиме во кој правец ќе одиме. Во однос на проверката на факти, за жал, пандемијата влијаеше на своевидно „мејнстримирање“ на дезинформациите, на напливот на теории на заговор, кои доживеаја ренесанса во текот на пандемијата и затоа треба да се размислува како да се справиме со овој нов дезинформациски бран рече Дарко Бркан, лидерот на „Зашто не“ при отворањето ан конференцијата.

Поинт 9.0 е организирана од ACTION SEE мрежата, чии членки се „Зашто не“ од БиХ, ЦДТ – Центарот  за демократска транзиција од Црна Гора, ЦРТА – Центар за истражувања, транспарентност и отчетност од Србија и Фондацијата Метаморфозис од Скопје.

Лајв стримот на Поинт 9.0 можете да го следите на овој линк: https://point.zastone.ba/stream/

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција