Панел-дискусија за предизвиците и перспективите во справување со дезинформациите на социјалните мрежи организирано од ИМА

Фото: ИМА организира панел – дискусија на тема: „Справување со дезинформациите на социјалните мрежи – предизвици и перспективи“

Фокусот ќе биде за како треба да се справуваме со сите дезинформаии кои што активно се појавуваа на социјалните мрежи. Предизвиците и перспективите се огромни, но сепак може да се справуваме со се што ни се прикажува

Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) организира панел–дискусија на тема „Справување со дезинформациите на социјалните мрежи – предизвици и перспективи“.

Настанот ќе се одржи на 26 февруари 2025 (среда) во хотелот Холидеј ин во Скопје, со почеток во 12 часот. Фокуст ќе биде за како треба да се справуваме со сите дезинформаии кои што активно се појавуваа на социјалните мрежи. Предизвиците и перспективите се огромни, но сепак може да се справуваме со се што ни се прикажува.

Панелисти на оваа дискусија ќе бидат м-р Емилија Петреска Камењарова од Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), д-р Снежана Трпевска од Институт РЕСИС, Светлана Сиљјаноска – консултантка за стратешки комуникации и справување со дезинформации и Филип Стојановски – Фондација Метаморфoзис. Тие ќе ги претстават нивните наоди и анализи на оваа тема.

Модератор е на дискусијата ќе биде Петрит Сарачини. По излагањата на панелистите, предвидена е дискусија со учесниците и присутните на настанот.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција