Папата Франциск не организирал геј собир во Ватикан

Фото: Long Thiên, via Wikimedia Commons

Папата Фрањо повторно е мета на дезинформации, овојпат дека наводно организирал „геј состанок“ во Ватикан. „Веста“ почнува од РТ и се пренесува на Епоха, па се шири на социјалните мрежи во регионот. Не е точно дека папата или официјален Ватикан организирале каков било настан, факт што го потврди портпаролот на „Јубилејот 2025“. Ниту организирале, ниту поддржале аџилак на христијанска ЛГБТИ+ организација. Процедурално ја одобриле посетата, како и на сите други групи кои се заинтересирани да одат на аџилак во Рим за време на прославата на Светата јубилејна година во септември  2025 г.

Папата Фрањо повторно е мета на дезинформации, овојпат дека наводно организирал „геј состанок“ во Ватикан. „Веста“ почнува од РТ и се пренесува на Епоха, па се шири на социјалните мрежи во регионот. Не е точно дека папата или официјален Ватикан организирале каков било настан, факт што го потврди портпаролот на „Јубилејот 2025“. Ниту организирале, ниту поддржале аџилак на христијанска ЛГБТИ+ организација. Процедурално ја одобриле посетата, како и на сите други групи кои се заинтересирани да одат на аџилак во Рим за време на прославата на Светата јубилејна година во септември  2025 г.

 

Пишува: Матеј Тројачанец

 

Уште од самиот почеток папата Франциск беше критикуван од противници, т.н. традиционалисти, како „премногу либерален“ заради некои негови изјави. Ваквите постапки и изјави на папата како да додадоа масло на огнот и ги разбудија страстите на теоретичарите на заговор, дотолку што скоро секој месец се ширеа нови лажни вести за него. Овојпат се тврди дека папата Франциск организирал геј собир во Ватикан.

Накратко, непосредно пред католичкиот Божиќ, Папата официјално ја отвори Светата 2025 година — стара црковна традиција која се слави на секои 25 години и со која се охрабруваат верниците да одат на аџилак во Рим. За разлика од минатото, сега за првпат на аџилакот може да учествуваат и припадници на ЛГБТИ+ популацијата, соопштија од организацијата на ЛГБТИ+ христијани „La Tenda di Gionata“.

Иако Католичката црква не го поддржа овој настан, не се ни противеше на истиот, па тој беше вклучен во нејзиниот официјален календар. Оваа вест ја проверија колегите од Фактограф и Истиномер (Србија).

 

Добро познати дезинформатори

Како што неретко се случуваше во минатото, оваа невистина започнува од Балканскиот сервис на Раша Тудеј, па понатаму мигрира до познатиот хрватски сајт каде што врие од дезинформации, Епоха. Од Епоха вака ја пренесуваат „веста“:

Папата Франциско организира геј собир во Ватикан, кој ќе биде посебен ден за хомосексуалците за време на католичкиот празник.

Католичките членови на ЛГБТ+ заедницата ќе бидат домаќини во Језуитската црква во Џезу, во центарот на Рим, на бдение за време на прославата на Светата јубилејна година во септември 2025 година.

Папата Франциск прогласи посебен ден за хомосексуалните римокатолички аџии и сите ЛГБТИ+ лица, кој за првпат ќе се одржи за време на прославата на јубилејната света година на 5 септември 2025 година, објави италијанскиот дневен весник „Месаџоре“.

Католичките членови на ЛГБТ+ заедницата ќе бидат домаќини во Језуитската црква во Џезу, во центарот на Рим, на бдение.

Оваа иницијатива беше покрената од организацијата „Tenda di Gionata“, основана во 2018 година од католичкиот свештеник отец Дејвид Еспосито, која има за цел да ги помири „хомосексуалноста и верата“, пишува во објавата на „Епоха. 

 

Како што споменавме погоре, овој настан односно посета на организацијата „La Tenda di Gionata“, не беше организирана, ниту пак, беше поддржана од папата или Католичката црква. Тоа го потврдија и од Католичката новинска агенција, од каде што пренесуваат дека здружението на ЛГБТИ+ христијани добиле официјално одобрение од Ватикан да одат на аџилак во Рим за време на прославата на Светата јубилејна година во септември  2025 г.. 

Според Фактограф, Здружението „La Tenda di Gionata“ испратило покана до своите членови и ги повикале „сите здруженија и групи посветени на поддршка на ЛГБТ+ луѓето и нивните семејства“ да им се придружат додека официјално ја преминуваат Светата врата на јубилејот во базиликата Св. Петар. Истата вечер, ЛГБТ аџиите, нивните родители и други лица, беа поканети на миса во Језуитската црква Џезу (Chiesa del Gesù), историска барокна црква во центарот на Рим, предводена од потпретседателот на Италијанската бискупска конференција, Монсињор Франческо Савино

Главниот портпарол на Јубилејот 2025, Агнес Палмучи, изјави за Католичката новинска агенција дека во националниот католички регистар:

[аџилакот на ЛГБТ+ организацијата] е вклучен во генералниот календар како аџилак, заедно со сите други аџилаци коишто ќе ги прават другите епархии. Тоа не е јубилеен настан спонзориран или организиран од наша страна. Тоа е аџилак организиран од ова здружение кое, како и другите епархии, тела и здруженија, ќе го прават аџилакот како што сакаат.

Точно е тоа дека италијанскиот дневен весник „Ил Месаџеро“ напишале дека папата Франциск им посветил еден ден од Јубилејот 2025 на ЛГБТИ+ луѓето, опишувајќи го како „апсолутна новина, незамислива до пред неколку години“. Сепак, италијанскиот Риа Њуз пишуваат дека ова бил предлог на ЛГБТИ+ христијанското здружение „La Tenda di Gionata“ што бил прифатен, а не по иницијатива на папата или на Ватикан. Риа известуваат дека оваа идеја била на отец Пива, језуит од Болоња, кој отсекогаш бил посветен на ЛГБТ заедницата. 

Со други зборови, иако РТ и Епоха точно наведуваат дека „La Tenda di Gionata“ ја покренале иницијативата, но погрешно тврдат дека организатор на истата е папата Франциск или официјален Ватикан.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција