Парадоксално: РСМ има недостиг на судии и покрај тоа што нивниот број е над европските стандарди

Основен суд Тетово. Фото, Порталб

Северна Македонија има повеќе судии отколку што се бара со европските стандарди, но сепак судии недостигаат. Ова на прв поглед изгледа парадоксално, но сепак, причината за овој недостиг е поради вишокот предмети, кои се уште не се обработени и за кои нема конечен епилог, што може да доведе до застарување на предметите. Министерот за правда Никола Тупанчевски вели дека според европските стандарди на 100.000 жители треба да има 21,5 судии, пренесува Порталб.мк.

Северна Македонија има повеќе судии отколку што се бара со европските стандарди, но сепак судии недостигаат. Ова на прв поглед изгледа парадоксално, но сепак, причината за овој недостиг е поради вишокот предмети, кои се уште не се обработени и за кои нема конечен епилог, што може да доведе до застарување на предметите. Министерот за правда Никола Тупанчевски вели дека според европските стандарди на 100.000 жители треба да има 21,5 судии, пренесува Порталб.мк.

Од Наиле Даути

Во однос на новата Методологија за оценување на судиите, министерот Тупанчевски смета дека таа ќе даде резултати и во тој поглед состојбата драстично ќе се подобри. А во однос на рационализацијата во судството потенцираше:

„Европските стандарди во однос на бројот на судии се јасни – треба да има 21,5 судии на 100 илјади жители и кај нас според тој стандард имаме повеќе судии отколку што треба. Но, факт е, дека судството треба да се оптимизира и рационализира, бидејќи Скопје како најголем град со најголем број жители има најголем товар од сите судови“, рече Тупанчевски, во дебатата организирана од Националната конвенција за ЕУ.

Портпаролот на Судскиот совет, Љубиша Арсиќ за Порталб.мк, потврдува дека според европските критериуми за бројот на судии во однос на бројот на населението е точна, и дека на 100 илјади жители во просек треба да имаме 21,5 судии и ако нашето судство се обиде да ги исполни европските критериуми, тогаш треба да го следиме овој просек. Во моментов, наведува тој, во Северна Македонија има околу 470 судии и ако го споредиме тој број на судии со новиот попис на население од 1.800.000 жители, тогаш излегува дека за 100.000 жители имаме 26 судии, или малку повеќе од европскиот просек од 21,5 судии. Тоа значи дека имаме повеќе судии отколку што е предвидено со европските правила.

„Затоа, политичките и другите релевантни претставници ги користат овие бројки во своите јавни изјави и немаат лоша конотација, туку едноставно прават споредба колку судии во моментов имаме на 100.000 жители и колку треба да имаме според европските критериуми“, вели Арсиќ.

Судскиот совет, додава Арсиќ, ја одобрил систематизацијата на судските позиции во државата пред да се спроведе пописот и според него ни требаат околу 630 судии и затоа, истакнува, кога ќе споредиме бројот според систематизацијата со постојниот од 470, велиме дека ни недостасуваат околу 150 до 160 судии.

„А бројката од 630 е добиена по направените анализи во сите судови во државата, пред сé имајќи предвид колку предмети имаат судовите годишно. Секоја година имаме од 90 до 100 илјади предмети кои се префрлаат за обработка за следната календарска година и тешко е дека тој прилив некогаш ќе го надминеме со постоечкиот број од 470 судии. Оттука, се проценува дека бројката од 630 судии би била посоодветна за да се отстранат сите преостанати предмети и да се доведе судството во состојба во која нема да има толку многу нерешени предмети“, истакнува Арсиќ.

 

Основен Граѓански Суд-Скопје. Фото: Порталб

Она што во моментов се случува во Судскиот совет, вели портпаролот Арсиќ, а земајќи ја предвид систематизацијата со 630 судии, и постојната бројка од 470 судии, но и бројот на европски критериуми кои велат дека 400 судии се доволни, направена е функционална анализа за сите судови, сите основни, високи, апелациони и управни судови. Дополнително, од Заводот за статистика беа побарани официјални бројки од новиот попис. Сето ова ќе помогне да се имплементира Стратегијата за човечки ресурси и развој на мрежите на судови и само тогаш ќе имаме појасна слика за бројките со кои ќе работиме кога станува збор за конечниот број на потребни судии.

„Со Стратегијата за развој на човечките ресурси, поконкретно ќе се утврди бројот на судии, а со мрежата на судови ќе се утврди број на судови. Европските правила бараат ако општината има помалку од 20.000 жители, да нема суд. Според податоците од пописот, имаме десетици општини каде имаме судови, а немаме над 20 илјади жители, така што дилемата е дали тие судови ќе постојат во иднина, како во Ресен, Свети Николе, Крушево, Делчево и други“, вели Арсиќ.

Во меѓувреме, причина за недостиг на судии во земјава има и поради (не) функционирањето на Академијата за судии и јавни обвинители веќе две години, (имено, новата класа од 97 кандидати за судии и обвинители започна со настава дури минатата среда, а обуката трае цели две години), што значи дека немало можност нови судии да ги пополнат испразнетите места.

И покрај овој парадокс, проблемот со нерешените предмети, кои останале во судските лавиринти, ја поткопува правдата во земјава, односно од кривично гонење може да се спасат лица со тешки кривични дела (поради роковите за застареност), и да резултира со неефикасност во спроведувањето на правдата за оние на кои им е нанесена штета. Ова го стагнира дури и патот кон ЕУ, бидејќи реформите во овој сектор се дел од процесот на земјата на патот кон Европската унија.

 

 


Овој напис е изработен во рамките на проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција