Партијата која „БЕСА“-та („Зборот“) на Албанците им ја даде на „каурите“ го поддржува Заев за обединување со ВМРО против „премиер Албанец“

 

 

Пишува: Шефкије Аласани

Пример кој не ги почитува новинарските стандарди е рецензираниот напис со наслов: Партијата која „БЕСА“ – та на Албанците им ја даде на „каурите“ го поддржува ставот на Заев за обединувањето со ВМРО против „премиерот Албанец, објавен на информативниот портал Актуале.мк на 1 јули.

Насловот на рецензираниот напис повеќе наликува на еден субјективен и емотивен коментар, и е во спротивност со основните новинарски написи. Во член 13 од Етичкиот Кодекс на новинарите пишува:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Насловот има тенденција за ширење на говор на омраза. Употребата на навредливи зборови за дефинирање на една етничка припадност се коси со сите новинарски стандарди. Во член 10 од Етичкиот Кодекс на новинарите се истакнува:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

Освен во насловот, новинарските стандарди не се почитувани и во содржината на написот. За разлика од насловот кој е многу емотивен и сензационален, написот ги исполнува професионалните критериуми. Оригиналниот текст на овој напис е препишан, без да се направи ниту една измена, од веб страната на ТВ21, и авторот не видел за потребно да го цитира изворот на текстот. Ова се коси со  член 12 од Етичкиот кодекс на новинарите, каде што стои:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Тоа што е уште поиронично е што на крај на написот како извор е цитирана онлајн информативната платформа Башк.тв. и авторите на овој медиум не го цитирале оригиналниот извор на написот, туку само го прикачиле линкот на видеото без да ги имаат авторските права.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција