Партиципацијата во здравството се зголемува 100-130 отсто во просек, но износите се меѓу 20 и 350 денари
Во просек партиципацијата поскапува 100-130 отсто, ама во никој случај 200 отсто со еден исклучок. Но, како што може да се види од новите износи на цените за партиципација, најниската остана 20 денари, а највисоката е 350 денари и тоа кога станува збор за спасување живот
Во просек партиципацијата поскапува 100-130 отсто, ама во никој случај 200 отсто со еден исклучок. Но, како што може да се види од новите износи на цените за партиципација, најниската остана 20 денари, а највисоката е 350 денари и тоа кога станува збор за спасување живот
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Ви мачкаат очи со закон за пушење а никој не кажува дека медицинските услуги поскапуваат за 200% наздравје македонци.
Сега зголемувањето е на 720 денари (…) Ќе има симболично зголемување на партиципацијата. За услуга која сега се наплаќа 40 денари ќе биде 60 денари, додаде Клековски.
Конкретно, граѓаните во поглед на партиципацијата која ќе ја плаќаат, нема да имаат зголемување од 200 проценти. Одлуката за корекција на цените на специјалистичките пакети како што објасни директорот на ФЗОМ, само значи промена во начинот на пресметка и реализација на средствата, а не дополнителен приход за здравствените установи. Всушност, болниците уште на почетокот на годината добиваат одобрен буџет за своето функционирање од ФЗОМ. Зголемувањето на цените на специјалистичките пакети е со цел да може овие буџети да се оправдаат, а не да останат неискористени, а цените на пакетите да бидат несоодветни и застарени.
Установите фактурираат услуги кон Фондот, но најголем дел од нив не успеваат да реализираат ни 80 отсто од одобрениот буџет. Главната забелешка беше дека услугите се потценети и поради тоа не можат да го исполнат буџетот. Со новите цени се овозможува реално вреднување на нивната работа,изјави Клековски.
Од Фондот објаснуваат дека овие измени имаат за цел подобра валоризација на здравствените услуги, стабилизација на финансиското работење на установите и поефикасно користење на здравствениот буџет.
Цените за партиципација на граѓаните за генералните специјалистички пакети, со и без контрола и дијагностика, поскапуваат од 85-100 отсто, но тоа поскапување е само од 40 на 80 денари или од 80 на 150 денари. Кај контролните пакети или нема никакво поскапување или тоа изнесува од 85 до 150 отсто, но повторно, тоа значи дека цените ќе се зголемат од 60 или 80 на 150 денари. Пакетите кои содржат медикаментозна терапија, инхалација, УВ зрачење и дренажа поскапуваат исто како и контролните пакети. Партиципацијата кај специјалистичките прегледи со земање брис поскапуваат 100 отсто, но тоа изнесува од 40 на 80 ден, животно-згрижувачките пакети, пак поскапуваат од 67 до 133 отсто односно на 250 или 350 денари. Единствен пакет каде партиципацијата навистина поскапува над 200 отсто, односно 215 отсто, е општиот ургентен пакет, но повторно новиот поскап износ ќе изнесува 250 денари.
Во просек партиципацијата поскапува 100-130 отсто, ама во никој случај 200 отсто со еден исклучок. Но, како што може да се види од износите за партиципација, најнискиот остана 20 денари, а највисокиот е 350 денари и тоа кога станува збор за спасување живот. Настрана фактот што не станува збор за нови буџетски средства, туку за прилагодување на цените со цел да се искористат веќе одобрени средства, кои досега не се искористувале зашто цените биле толку ниски што на болниците не им било исплатливо да ги даваат пропишаните услуги.
Поради сите горенаведени факти оценуваме дека објавата е невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар