Патентот на Мајкрософт воопшто не се однесува на инјектирање микрочипови кај луѓето

Фото: ca.wikipedia.org

Апликацијата за патент споменува технологија која дозволува активноста на луѓето да биде мониторирана во замена за криптовалути, но не се работи за имплантирање чипови. Овој патент уште не е одобрен. Во патентот воопшто не се споменува дека секој треба да има чип на десната рака или на челото, како што невистинито се тврди во постот. Патентот не се однесува на никакви вградени чипови во телото, туку се работи за сензор вграден во уреди. Не е точно дека без тој чип нема да може да се пазарува или да се учествува во економијата, ниту, пак, дека криптовалутите ќе бидат единствениот можен начин преку кој ќе може да се учествува во економијата

Апликацијата за патент споменува технологија која дозволува активноста на луѓето да биде мониторирана во замена за криптовалути, но не се работи за имплантирање чипови. Овој патент уште не е одобрен. Во патентот воопшто не се споменува дека секој треба да има чип на десната рака или на челото, како што невистинито се тврди во постот. Патентот не се однесува на никакви вградени чипови во телото, туку се работи за сензор вграден во уреди. Не е точно дека без тој чип нема да може да се пазарува или да се учествува во економијата, ниту, пак, дека криптовалутите ќе бидат единствениот можен начин преку кој ќе може да се учествува во економијата

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во којшто се вели дека ако ви споменат дигитален денар, треба да знаете дека се работи за патент измислен во 2020 година, а чија цел е секој да има чип на десната рака или на челото. На самиот почеток на објавата се истакнува дека не претставува теорија на заговор.

Ова не е теорија на заговор.
Ако ви спомнат ,,дигитален денар” да знаете за што се работи
Еве го патентот што е излезен во 2020 година, целта е секој да има чип на десната рака или на челото. 
Без тој чип нема да може да се пазарува или да се учествува во економијата на било каков начин. Ќе се користат само дигитални криптовалути. Дури ќе може да се генерераат хашеви (криптовалути) како награда за физичка активност.
Оваа го пишува во Билбијата како ,,белегот на зверот” и секој што ќе го прими нема да биде во Царството Божјо.
Дури ако го видите бројот на патентот ќе би биде јасно.
 Нашата ненародна влада учествува во овој проект на дигитализација на денарот бидејќи има испратено луѓе на обука во САД.
Бидете будни, спомнете им на друѓите бидејќи оваа мерка скоро ќе дојде, се вели во постот.

Според проверувачите на факти на Фул Фект, кои пишувале за предметот на овој конкретен патент којшто се споменува и во постот кој го рецензираме, станува збор за патент за кој Мајкрософт аплицирал во 2019 година, а објавен е една година подоцна. Апликацијата споменува технологија која дозволува активноста на луѓето да биде мониторирана во замена за криптовалути, но не се работи за имплантирање чипови и патентот уште не е одобрен.

Патентот на Мајкрософт 060606 не споменува инјектирачки микрочипови. Точно е дека Микрософт има апликација со бројот 060606 којшто наградува физичка активност со криптовалути. Попрецизно, апликацијата е за систем каде се зададени задачи на корисниците, кои откако ќе ги комплетираат или откако во нив ќе учествуваат, може да бидат наградени со криптовалути. Информациите се собрани од сензор, вклучени во внатрешноста на уред кој го поседува корисникот, за да се процени дали тие активности се извршени. Според апликацијата за патентот, уредот кој го поседува корисникот е дефиниран како „персонален компјутер, услуги, мобилни телефони, таблети, лаптопи, смарт уреди (смарт часовници или смарт телевизори)“. Може, исто така, да претставува технологија која што се носи со себе. Сензорот е опишан или како засебен уред, или пак, како уред вграден во друг уред на корисникот.

Оттука, посочениот патент не е за чип што го има некој во телото. Фактички, во патентот воопшто не се споменува  дека секој треба да има чип на десната рака или на челото, како што невистинито се тврди во постот. Патентот не се однесува на никакви вградени чипови во телото, туку се работи за сензор вграден во уреди. Не е точно дека без тој чип нема да може да се пазарува или да се учествува во економијата на каков било начин, ниту пак, дека криптовалутите ќе бидат единствениот можен начин преку кој ќе може да се учествува во економијата. Дигитализација на денарот не постои во контекст на изнесеното во постот, ниту пак, патентот е одобрен туку е уште во фаза на апликација.

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција