„Пазарот на ужасот“ е во Индонезија, не во Вухан

[Рецензија: (Видео) Пазарот на ужасот од кој почна корона-вирусот]

Во време кога во светот главна преокупација е корона-вирусот, медиумите мора да бидат особено претпазливи со пренесувањето на вестите што се однесуваат на овој вирус.

Линк до оригиналниот напис: (Видео) Пазарот на ужасот од кој почна коронавирусот

Датум и време на објавување: 30.1.2020

Датум на рецензирање: 3.2.2020

Рецензент: Ана Анастасовска

Во нашиот обид да ги ловиме лажните вести и дезинформации што почнаа да се шират во врска со новиот корона-вирус, и да ги разобличиме, наидовме на овој текст, кој пренесува видео од „пазарот на ужасот од кој почна корона-вирусот“. Видеото беше пренесено од поголем дел од македонските медиуми, иако станува збор за лажно видео.

Видеото го пренесе и Макфакс, а во текстот се вели:

Иако се нарекува пазар на морски плодови, Хуанан, на овој пазар се продава многу повеќе од морска храна. На таквите пазари, покрај мртва и жива живина и добиток, можат да се најдат и разни живи диви животни: птици, зајаци, стаорци, лисици, лилјаци, змии и други влекачи, магариња, камили, па дури и мајмуни.

 Која е вистината за пазарот на ужасот во Вухан?

билоВистината е следна: Видеото не е од пазар во Вухан, ниту  каде во Кина, туку станува збор за пазар во Индонезија. Кога ќе го пуштите видеото ќе видите со големи букви дека пишува Pasar Estream Langowan, па кога ќе пребарате, ако не знаете каде се наоѓа Лангован, ќе видите дека тоа е во Индонезија, а не во Кина.

 

Истото видео, доколку го побарате на каналот „Јутјуб“, ќе видите дека е објавено и во декември 2019 година.

 

Во екот на корона-вирусот, некој го зел ова видео, му залепил наслов wuhan china, from here it all started the market (Вухан, Кина, од овој пазар започна сè) и го пласирал како пазарот на ужасот од кој почнал да се шири корона-вирусот.

Дека ова видео е лажно, воочиле и од сервисот за проверка на факти на Агенцијата Франс прес (AFP factcheck) и од Faktly.

Речиси 48 организации од целиот свет, обединети во рамките на Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN) од минатата недела работат на разобличување на дезинформациите за корона-вирусот.

Меѓународната мрежа на проверка на фактите за новооткриениот сој на корона-вирусот ќе функционира сè додека болеста се шири, а може да се следи и на социјалните мрежи, преку хаштаговите #CoronaVirusFacts и #DatosCoronaVirus.

 

Овој напис е дел од специјалното известување на КриТинк за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција