ПЦР тестот не е операција за собирање ДНК материјал од луѓето
Не е вистина изнесеното во постот дека со ПЦР тестирањето им се зема ДНК материјал на луѓето. Генетското секвенционирање служи за да се детектира од која варијанта на коронавирусот заболел пациентот. Изминатата година, ЦДЦ со генетското секвенционирање успеа да процени колкав процент од заразените со ковид-19 се заразени со делта, а колкав процент со омикрон варијантата.
Не е вистина изнесеното во постот дека со ПЦР тестирањето им се зема ДНК материјал на луѓето. Генетското секвенционирање служи за да се детектира од која варијанта на коронавирусот заболел пациентот. Изминатата година, ЦДЦ со генетското секвенционирање успеа да процени колкав процент од заразените со ковид-19 се заразени со делта, а колкав процент со омикрон варијантата.
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се тврди дека американскиот Центар за контрола и превенција на болести признал дека ПЦР тестирањето било операција за собирање на ДНК материјал од луѓето. Во текстот којшто е споделен од порталот „Коловрт“, е прикажано видео во кое се тврди дека од ЦДЦ изјавиле дека кога го правите ПЦР тестот за да може да влезете во авион или да одите на работа, ја собираат вашата ДНК и ја складираат во ДНК база на податоци што е комплетно незаконски.
Меѓутоа, не е точно дека со земањето на брис, односно со спроведувањето на ПЦР тест се зема генетски материјал од пациентите.
Целото недоразбирање почна кога Центарот за контрола и превенција на болести на САД на Твитер објави дека 10 проценти од брисевите што се земаат преку ПЦР тестирање се испраќаат на генетско секвенционирање. Ова секвенционирање е процес во кој се анализира генетската структура на вирусот, за да се видат неговите мутации.
Центарот за контрола и превенција на болести зборува за секвенционирање на вирусот, а тоа нема никаква врска со човековите геноми, вели за Политифакт доктор Дејвид Фисман, професор по епидемиологија на Универзитетот во Торонто
Истото го напишаа и од Центарот за контрола и превенција на болести на Твитер, појаснувајќи дека со ова секвенционирање само се испитува кој вид на коронавирусот го заразил пациентот.
Некои луѓе веруваат дека во генетското секвенционирање се откриваат лични податоци на пациентот (ДНК н.з), што не е случај, изјави портпаролот на Центарот за контрола и превенција на болести за Политифакт.
Според она што го објавува Клиниката Кливленд, ПЦР тестот се користи за да се детектира генетски материјал, ама од вирусот. При ПРЦ тестирањето, лаборантот со брис зема респираторен материјал од носот на пациентот. Потоа тој примерок, се тестира за генетскиот материјал на Сарс Ков 2, вирусот кој предизвикува ковид-19. Потоа мал процент од овие примероци се испраќаат до Центарот за контрола и превенција на болести. Центарот за контрола и превенција на болести спроведува генетско секвенционирање на овие примероци за да идентификува варијанти на ковид-19, да мониторира како се шири вирусот и да провери дали варијантата го избегнува имунитетот или вакцините.
Изминатата година, ЦДЦ со генетското секвенционирање успеа да процени колкав процент од заразените со ковид-19 се заразени со делта, а колкав процент со омикрон варијантата.
Иако брисевите содржат човечка ДНК, еден од првите чекори во секвенционирањето е да се изолира генетскиот материјал на коронавирусот од останатиот дел од примерокот!
Според Центарот за контрола и превенција на болести, генетското секвенционирање може да биде изведено на ДНК, но ковид -19 има РНК.
Вирусната РНК особено се таргетира а човечките гени не се копираат и не се секвенционираат. Крајниот резултат е само секвенционирање на гените на ковид-19, што им овозможува на научниците да видат која варијанта е во примерокот, вели Синди Принс, професорка по епидемиологија на Универзитетот во Флорида.
Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина изнесеното во постот кој го рецензираме, дека со ПЦР тестирањето им се зема ДНК материјал на луѓето. Генетското секвенционирање служи за да се детектира од која варијанта на коронавирусот заболел пациентот.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар