Пекинг ја признава Палестина како држава, но не ѝ понудил приклучување кон Кина
Кина ја признава Државата Палестина, уште од 1988 година, и силно ја поддржува нејзината државност и меѓународна интеграција. Но, Кина не нуди приклучување на Палестина кон нејзината територија или државен систем. Такво нешто не може да се најде во официјални изјави или дипломатски документи. Ваквото тврдење е без основа
Кина ја признава Државата Палестина, уште од 1988 година, и силно ја поддржува нејзината државност и меѓународна интеграција. Но, Кина не нуди приклучување на Палестина кон нејзината територија или државен систем. Такво нешто не може да се најде во официјални изјави или дипломатски документи. Ваквото тврдење е без основа
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Кина официјално ја признава државата Палестина и нуди приклучување на Кина.
Кина веќе официјално ја призна државата Палестина во ноември 1988 година, веднаш по прогласувањето на државата, со воспоставување дипломатски односи и признавање на Палестина како суверена држава.
Имено, Народна Република Кина (НР Кина) беше една од првите земји што го поддржа Палестинското националноослободително движење (Фатах) и ја призна Палестина како државс. Во мај 1965 година, Организацијата за ослободување на Палестина (ПЛО) отвори канцеларија во Пекинг, која ужива дипломатски привилегии и имунитет. На 20 ноември 1988 година, НР Кина објави дека ја признава Државата Палестина, а дипломатските односи меѓу двете земји беа официјално воспоставени.
На 31 декември истата година, канцеларијата на ПЛО во Пекинг беше преименувана во Амбасада на Државата Палестина во Кина, а нејзиниот раководител беше назначен за амбасадор на Државата Палестина во Кина. Од 5 јули 1990 година, кинескиот амбасадор во Тунис истовремено служеше и како амбасадор на Државата Палестина.
Кина исто така постојано ја поддржува идејата на две држави (two‑state solution) – со Палестина заснована на границите од 1967 година и со Источен Ерусалим како нејзина престолнина – и активно го поддржува нејзиното полноправно членство во Обединетите нации.
Кина сериозно ги сфаќа разумните загрижености и легитимните апели на арапските држави за прашањето на Палестина. Ние поддржуваме итно остварување на траен прекин на огнот и вистинско ублажување на хуманитарната криза во Газа. Газа му припаѓа на палестинскиот народ и е неотуѓив дел од палестинската територија. Кина цврсто ги поддржува легитимните национални права на палестинскиот народ, верува дека „Палестинците што ја управуваат Палестина“ е важен принцип што мора да се почитува во постконфликтното управување со Газа и се спротивставува на присилното раселување на народот од Газа. Кина е подготвена да соработува со остатокот од меѓународната заедница за да промовира деескалација на ситуацијата во Газа што е можно поскоро и да вложи неуморни напори за унапредување на сеопфатното, праведно и трајно решение за палестинското прашање врз основа на решението за две држави, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг, на прес-конференција на 19 мај 2025 година.
Нема официјални или веродостојни извори кои велат дека Кина ѝ понудила на Палестина „приклучување“ кон Кина (на пример да стане дел од Кинеската Народна Република), како што тоа го тврди објавата. Такво нешто не може да се најде во официјални изјави или дипломатски документи.
Во 2023 година, кинескиот претседател Си Џинпинг ја воспостави „стратешката партнерска соработка“ со Палестина, потврдувајќи ја поддршката и пријателските односи.
Во јули 2024 година, во Пекинг се потпиша „Декларацијата од Пекинг“ од 14 палестински фракции (вклучувајќи ги Фaтaх и Хамас), со поддршка од Кина за внатрешно палестинско згрижување и единство под покровителство на ООН и арапските земји.
Кина е дел од заеднички изјави со арапските држави, каде се потсетува дека треба да се поддржи воспоставувањето на Палестина како суверена држава и нејзино членство во ОН.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека Кина ја признава Државата Палестина, уште од 1988 година, и силно ја поддржува нејзината државност и меѓународна интеграција. Но, Кина не нуди приклучување на Палестина кон нејзината територија или државен систем. Ваквото тврдење е без основа.
Поради тоа објавата ја оценуваме како делумно neточна.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар