Пендаровски не бил советник за безбедност и надворешна политика од 1990 година
Професорката Гордана Силјановска – Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори, вечерва во дебатата со претседателските кандидати на МРТ обраќајќи му се Стево Пендаровски , кандидатот на владејачката коалиција, ја искажа и следната невистина:
.…мојот противкандидат којшто бил советник за безбедност и надворешна политика речиси во сите структури (на власта н.з), од 1990 година, па до денеска
[Извор: ТВ дуел на претседателски кандидати, МРТ1 – датум: 12.04.2019]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ова тврдење на професорката Гордана Силјановска – Давкова е неточно. Фактите говорат дека нејзиниот протвикандидат Стево Пендаровски станува политички советник дури во 2001 година. Тоа може да се види од неговата биографија на веб-страницата на Владата, како и од податоците објавени на Википедија.
Во периодот 1998-2001 бил началник на Управата за аналитика и истражување во Министерството за внатрешни работи и портпарол на министерството,
Од 2001 до 2004 година е Советник за национална безбедност на Претседателот на Република Македонија… (веб-страница на Владата)
По завршувањето на високотo образование, е назначен за раководител на одделот аналитика во Министерството за внатрешни работи (МВР). Покрај тоа, три години паралелно е портпарол (заменик-министер за односи со јавност) во МВР.
Од 2001 е назначен за шеф за национална безбедност и главен советник за надворешна политика во кабинетите на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. (Википедија)
ИЗВОРИ:
- Веб-страница на Владата : Стево Пендаровски, Национален координатор за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО [Пристапено на: 12.04 2019]
- Википедија: Стево Пендаровски [Пристапено на: 12.04 2019]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар