Пензиите растат, ПИОМ тоне?
Според економистите, ликвидноста на фондот сè повеќе е зависна од буџетски пари, што упатува на алармантна состојба која не може да биде одржлива.
Новиот Извештај на Светска банка обелодени дека дури 89% од новоотворените работни места се со државна помош. Само во минатата година од 21 илјада нововработени, дури 18.700 работни места биле стимулирани од Владата.
Пишува: Анета Додевска
Во декември, за исплата на пензиите на околу 300.000 пензионери трошокот ќе се зголеми за 3,2 милиони евра. Владата најави повисоки пeнзии за скоро 11 евра, линерано. Објавата за ова ново зголемување се случи само еден ден откако Светска Банка посочи дека државниот пензиски фонд е во опасност поради сè поголемата зависност од Буџетот, стои во новата економска анализа на Portalb.mk. Пресметките на аналитичарите покажале дека дури 89% од новоотворените работни места се со државна помош, што упатува и на зголемување на буџетските расходи по оваа основа.
НОВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ – ДАЛИ Е ОДРЖЛИВО?
Во декември со исплата на ноемвриската пензија ќе се исплати и ветеното зголемување на пензиите. Повеќе од 300.000 пензионери ќе добијат зголемување од околу 670 денари или во просек покажување од 5 проценти – изјави министерот за финансии Кирил Миновски во момент кога го држеше воведниот говор за досега најгломазниот Буџет од 3,3 милијарди евра во 2017 година.
Според планот на Владата, зголемувањето ќе биде линеарно кај сите пензионери, а кај оние со пензија помала од 9.000 денари, зголемувањето ќе изнесува 8 отсто. За да се покрие овој нов расход, треба се обезбедат дополнителни 3,2 милиони евра. Според предлог-Буџетот за 2017 година, трансферите од Буџетот до ПИОМ догодина ќе изнесуваат 453 милиони евра, што е речиси половина од вкупната сума потребна за исплата на пензии. Зависноста на државниот фонд од буџетските пари се зголемува. Овој тренд, што упатува на влошување на одржливоста на фондот, освен економистите, го нотираше и Државниот завод за ревизија, но и Светска Банка.
Во изминатите години, тој процент на зависност на ПИОМ, конкретно годинава достигнува околу 45% и тоа е значителна зависност на пензискиот систем од трансфери од централниот Буџет – изјави Бојан Шимбов, економист од Светска Банка.
Според економистите, ликвидноста на фондот сè повеќе е зависна од буџетски пари, што упатува на алармантна состојба која не може да биде одржлива.
Сегашниот сооднос на пензионер-вработен не е одржлив, ние секоја година имаме нова генерација од околу 22 илјади работоспособни, полнолетни лица, а од друга страна по околу пет илјади нови вработувања. Сегашниот потег за откуп на стаж сметам дека е во политички контекст, да се задржат постоечките гласачи и евентуално да се придобијат неопределените, но повторно укажувам дека ова ќе биде удар за пензискиот фонд кој и сега не е одржлив и зависи од дотациите од Буџетот, објаснува за Порталб професорот Семи Бислими.
Според него, пензискиот фонд и досега се соочуваше со проблеми да обезбеди пари за исплата на пензиите.
Она што е важно дека ние имаме тренд на зголемување на старосната граница, а бројот на вработени е ист, освен во некои сектори, како јавниот сектор, на пример. Фискални извори за финасирање на нови пензионери нема, затоа што нема отворање на нови работни места кои ќе обезбедат приливи во фондот. Единствен начин преку кој би се обезбедиле пари се задолжувањата и таа пракса ние ја гледаме веќе 5-6 години – вели професорот Бислими.
РЕШЕНИЕТО Е ВО НОВИ ВРАБОТУВАЊА
Новиот Извештај на Светска банка обелодени дека дури 89% од новоотворените работни места се со државна помош. Само во минатата година од 21 илјада нововработени, дури 18.700 работни места биле стимулирани од Владата. Кај овие работни места работодавецот е ослободен од плаќање социјални придонеси и слични давачки, па дефицитот во ПИОМ се пополнува со буџетски пари. Анализата, односно прогнозите на Светска банка покажале дека невработеноста од 24,8% годинава ќе се намали на 22,7% во 2018 година, а удел во намалување на невработеноста имале и странските инвестции, кои се потпираат на државни субвенции.
Македонија во минатото беше нешто како старлета на Западен Балкан, изнаоѓајќи ја формулата за привлекување инвестции кои придонесоа кон растот. Овој елемент во последно време исчезна, изјави Марко Монтованели, директор на Светска банка за Македонија и Косово.
Владата, освен на странските инвеститори, даночни поволности им понуди и на домашните фирми. Концептот на државно субвенционирање нови вработувања се преточи и во проектот „Македонија вработува 2“. Според податоците, преку овој проект за два и пол месеци се реализирани 1.500 вработувања во околу 1.160 компании, од кои 1.000 компании се мали, со до 10 вработени.
Овие компании нашле начин преку овој проект да си го зголемат својот бизнис, да вработат уште луѓе, да остварат плата за себе и за вработените и на некој начин да одат напред, а со тоа да влијаат на намалување на невработеноста во Македонија – изјави претседателот на Вмро-Дпмне, Никола Груевски.
Според економистите, и покрај трендот на намалување на невработеноста, за што удел има и отселувањето, но и откажувањето на невработените активно да бараат работа, соодносот меѓу вработените и пензионерите се намалува.
Сегашниот сооднос на пензионер-вработен не е одржлив, ние секоја година имаме нова генерација од околу 22 илјади работоспособни, полнолетни лица, а од друга страна по околу пет илајди нови вработувања. Сегашниот потег за откуп на стаж сметам дека е во политички контекст, да се задржат постоечките гласачи и евентуално да се придобијат неопределените, но повторно укажувам дека ова ќе биде удар за пензискиот фонд кој и сега не е одржлив и зависи од дотациите од Буџетот, објаснува за Portalb.mk професорот Бислими.
Финансиската и ликвидносната состојба на државниот пензиски фонд беше нотирана и во најновиот ревизорски извештај посветен на работењето на ПИОМ. За навремена исплата на пензиите, Фондот за пензиско осигурување секој месец земал позајмици од Буџетот, кои потоа тековно ги враќал со пари од сметката на која се врши уплата на придонесите – констатира државната ревизија нотирајќи дека во 2015 година имало и проблеми со префрлување на средствата на приватните пензиски фонодви.
Дури 2,4 милиони евра се сметаат како сомнителни и спорни побарувања кои се однесуваат на исплатени пензии по смрт на корисникот на пензија, за кои се оформиле и предмети за тужба.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар