Пензионерите добија еден бесплатен викенд

Бесплатниот викенд пензионерите можат да го искористат еднаш годишно во период од април до ноември Фото: Принтскрин

 

ПРОЕКТ: БЕСПЛАТЕН ТУРИСТИЧКИ ВИКЕНД ЗА ПЕНЗИОНЕРИ

Со цел да се обезбеди квалитетен живот, социјална заштита и сигурност на старите лица, од 2015 година ќе започнеме со реализација на проектот: Бесплатен туристички викенд за пензионери. Бесплатниот викенд ќе може да се искористи во одморалиштата и хотелските комплекси кои се наоѓаат на планините и крајбрежјето на езерата во Македонија како на пример во: Охрид, Дојран, Струга, Преспа, Берово и Крушево. Во овој проект влегува платен превоз, ноќевање и 2 полни пансиони. Оваа услуга ќе може да ја користат лица – корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија, а лицата корисници на пензија кои користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице имаат право на придружник. Предност ќе имаат корисниците на пониска пензија. Секоја година оваа услуга ќе може да ја користат до 3.000 корисници на пензија во пролетниот и есенскиот период, односно 12.000 пензионери за 4 години. (Буџет: 10.760.000 денари на годишно ниво или 43.040.000 денари вкупно за 4 години. РОК: 2015 – 2018 Година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот „Бесплатен туристички викенд за пензионерите“, стартуваше во почетокот на 2015 година.  Ова е исполнето ветување на ВМРО-ДПМНЕ дадено во изборната програма  „Проверено“ (2014-2018) во делот „Земја на еднакви можности за сите“ (Достоинствен живот за пензионерите стр.191)

На 13 јануари 2015 година медиумите информираа дека почнува реализацијата на проектот  „Бесплатен туристички викенд за пензионерите“. Проектот го промовираше тогашниот министер за труд и социјална политика Диме Спасов, кој на прес-конференцијата свикана по тој повод информираше дека:

Со проектот е планирано да се опфатат до 3.000 корисници на пензија, односно лица-корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија и вклучува услуга која може да се користи еднаш, во период од април до ноември 2015 година, во траење од 3 дена и опфаќа 2 полни пансиони (2 ноќевања со три оброка дневно и автобуски превоз до хотелскиот објект.

Хотелските објекти во коишто ќе бидат упатувани   корисниците на пензија кои ги исполнуваат условите, се наоѓаат во  туристичките капацитети и одморалишта во Охрид, Струга, Дојран, Крушево, Преспа и Берово,

Во септември 2015 година на веб-страницата на Министерството за труд и социјална политика имаше известување до пензионерите дека до крајот на септември можат да аплицираат за користење услуги од проектите за бањско-климатска реакреација и бесплатен туристички викенд за 2016 година. Истата информација беше пренесена и во медиумите

Во септември 2016 година имаше информација дека „Бесплатен туристички викенд за пензионерите“ ,   го искористиле 1.800 пензионери, а до крајот на годината таа бројка треба да достигне 3.000. Тогаш беше кажано дека овој проект ќе продолжи и во 2017 година.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција