„Пет центар“ не доделува подарок за вашите миленици за 145 денари
Pet Centar постои како веб-страница. Станува збор за продавница за домашни миленици, но таа нема никаква врска со објавата што е предмет на нашата анализа. Оваа објава е измама која сака да делува како вистинска со цел да ги намами следбениците и да ја испразни нивната банкарска сметка
Pet Centar постои како веб-страница. Станува збор за продавница за домашни миленици, но таа нема никаква врска со објавата што е предмет на нашата анализа. Оваа објава е измама која сака да делува како вистинска со цел да ги намами следбениците и да ја испразни нивната банкарска сметка
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Pet Senter ви подарува ексклузивна изненадувачка кутија за вашето милениче – само за учесници во нашата анкета!
Понудата важи само за сопственици на миленичиња во Македонија.
Пополнете ја кратката анкета и добијте ја вашата уникатна кутија за само 3 дена, директно до вашиот дом!
Објавата е споделена од Фејсбук страница наречена „Среќни лапи“ која има сaмо 38 следбеници и според она што е објавено на неа, се гледа дека е формирана пред два дена, што отвора сомнеж за нејзината релевантност.

Објавата нуди и линк до веб-страница на која треба да пополните кратка анкета за наводно да го добиете подарокот.

Понудена ви е можност да отворите три кутии за да го најдете подарокот, а едната кутија секако е добитна.

Откако ќе ги оставите вашите лични податоци, се бара од вас да оставите и банкарски податоци за да платите 145 денари за наводниот подарок.


Pet Centar постои како веб-страница. Станува збор за продавница за домашни миленици, но таа нема никаква врска со објавата што е предмет на нашата анализа.
Оваа објава е измама која сака да делува како вистинска со цел да ги намами следбениците и да ја испразни нивната банкарска сметка.
На официјалната Фејсбук страница на „Пет центар“ не сретнавме никаква објава за наградна игра за сет подароци за миленици кој би чинел 145 денари.
Поради тоа, објавата ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар