Пет локални медиуми добија грантови за продукција на содржини од јавен интерес

Фото: Мета.мк

Целта на оваа активност не е само еднократна финансиска помош, туку создавање на безбедно опкружување и структура за долгорочен развој на малите медиуми од локално и специфично значење

Целта на оваа активност не е само еднократна финансиска помош, туку создавање на безбедно опкружување и структура за долгорочен развој на малите медиуми од локално и специфично значење

 

Локалните медиуми се најранливиот сегмент во медиумскиот пејзаж, соочувајќи се со бројни предизвици во споредба со големите национални куќи. Сепак, токму овие медиуми се клучни бидејќи ги креираат најавтентичните приказни и директно ги адресираат проблемите и потребите на локалните заедници, кои ретко го наоѓаат својот простор кај националните медиуми.

Фото: Мета.мк

Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис со задоволство ги објавува добитниците на грантовите во рамките на јавниот повик за поддршка на малите и локални медиуми, на кој свои предлог предлог-проекти пријавија дури 29 апликанти, а пет медиумски куќи ќе добијат финансиска и менторска поддршка за креирање на медиумски содржини од јавен интерес.

По завршувањето на процесот на евалуација, избрани се следните медиуми кои ќе работат на специфични теми од јавен интерес:

Целта на оваа активност не е само еднократна финансиска помош, туку создавање на безбедно опкружување и структура за долгорочен развој на медиумите.

Регионалниот проект SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан, финансиран од Европската Унија, се спроведува во партнерство со пет граѓански организации за поддршка на медиуми – Центарот за промоција на граѓанско општество CPCD (Босна и Херцеговина) како водечки партнер, Томсон медиа (Германија), Наука и иновација за развој SCIDEV (Албанија), Косово глокал (Косово) и Центарот за демократска транзиција (Црна Гора).

Покрај финансиската поддршка за продукција, проектот обезбедува и значајна компонента за јакнење на капацитетите на медиумите. Добитниците ќе имаат пристап до стручна менторска поддршка, како и едукативни курсеви, работилници и обуки. Развиени се и специјализирани алатки и методологии за самопроценка и организациски развој.

Фото: Мета.мк

Овој сеопфатен пристап има за цел да им помогне на малите медиуми да ја подобрат својата мултимедијална продукција и да го зголемат своето влијание во заедниците во кои дејствуваат и секако да изградат одржливи бизнис модели.

Фондацијата Метаморфозис им честита на избраните медиуми и со нетрпение ги очекува приказните што ќе произлезат од оваа соработка.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција