Петар Богојески манипулира дека арената „Борис Трајковски“ не е спремна за вакцинација

Фото: Принтскрин Фејсбук профилли на П.Богојески и В. Филипче

Истиот ден кога Богојески ги објави фотографиите и напиша дека центарот за вакцинација „Борис Трајковски“ е под стечај и со со изгасено светло, сакајќи да креира впечаток дека во салата нема подготовки за масовна имунизација, министерот за здравство Венко Филипче објави фотографии од внатрешното уредување на просторот којшто е подготвен за  вакцинација. Во сабота на 3 април, во овој простор беше одржана симулација на вакцинацијата, односно генерална проба за она што ќе се случува во наредните два и пол месеца,  период во којшто салата е резервирана за имунизација.

 

Истиот ден кога Богојески ги објави фотографиите и напиша дека центарот за вакцинација „Борис Трајковски“ е под стечај и со со изгасено светло, сакајќи да креира впечаток дека во салата нема подготовки за масовна имунизација, министерот за здравство Венко Филипче објави фотографии од внатрешното уредување на просторот којшто е подготвен за  вакцинација. Во саботата на 3 април, во овој простор беше одржана симулација на вакцинацијата, односно генерална проба за она што ќе се случува во наредните два и пол месеца,  период во којшто салата е резервирана за имунизација

 

Оцени: Мирослава Бурнс

 

Политичарот Петар Богојески на 2 април 2021 година, преку својата Фејсбук страница каде го следат над 22 илјади граѓани, ја пласираше следната невистинита информација:

Центаров на Филипче за масовна вакцинација под стечај! И светло изгасено… Која епохална неспособност… Тргни се човек од тоа министерската фотеља, подобро и за тебе и за нас!
Децата останаа без школо… не можеме животот да го поминеме под маска… мерките ти се Монти Пајтон… Имаш уште малку време да заминеш без одговорност!

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во склоп на ова тврдење на Богојески – дека центарот на Филипче за масовна вакцинација е под стечај, со изгасено светло и во оваа сала ништо не се случува, се презентирани две фотографии на кои се гледа главниот влез на големата сала во арената „Борис Трајковски“, за кои не е познат датумот кога се направени.

Оваа негова изјава ја оценуваме како невистинита.

Екипа на „Вистиномер“ во вторникот на 30 март, беше во оваа сала каде подготовките за масовна вакцинација беа во полн ек. Посведочивме дека се монтирани 48 модуларни вакцинални пунктови, поставена е патека на движење преку два влеза, протокол за опсервација после вакцинација, како и план за лекарска грижа после вакцината,  на теренската површина на големата сала, поставени се над сто столчиња, на коишто граѓаните ќе треба да почекаат 10 минути после имунизацијата за да се види дали ќе развијат несакани ефекти и да бидат под лекарски надзор. Во периодот кога бевме во салата „Борис Трајковски“ каде што ќе се вакцинираат граѓаните, а тоа беше три дена пред изјавата на Богојески, покрај монтерските екипи, имаше и претставници на Министерството за здравство и десетина лекари, кои работеа на подготовките. И други медиуми беа присутни на подготовките и известуваа со свои видео и фото материјали.

Истиот ден кога Богојески ги објави фотографиите и напиша дека центарот за вакцинација „Борис Трајковски“ е под стечај, односно со изгасено светло, министерот за здравство Венко Филипче објави фотографии од внатрешното уредување на просторот којшто е подготвен за имунизација.

Се финализираат подготовките на салата „Борис Трајковски“ каде ќе се врши масовна вакцинација. Подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање и капацитет да се вакцинираат околу 5000 граѓани дневно. Согласно планот ќе се работи во две смени од 08:00 до 20:00 часот. Вакцинацијата која вчера започна на вакциналните пунктови ширум државата се одвива одлично, напиша Филипче на „Фејсбук“.

Заедно со овој пости  Филипче објави и фотографии од внатрешноста на салата.

Еден ден подоцна, односно во саботата на 3 април, во овој простор беше одржана симулација на вакцинацијата, односно генерална проба за она што ќе се случува во наредните два и пол месеца,  период во којшто салата е резервирана за вакцинација.

Денеска, петти април, во спортскиот ценар „Борис Трајковски“, започнува вакцинацијата со руската вакцина против „Спутник V“ која ќе биде дадена на околу 3.000 граѓани за кои се веќе закажани термини. Во оваа фаза ќе бидат имунизирани граѓани од критична инфраструктура – луѓе што работат, МВР, АРМ, новинари, служби од Град Скопје и сите што имаат контакти согласно карактеристиките на работното место – возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработените на патарините.

И директорот на салата, Александар Петровски потврди дека таа е резервирана за имунизација наредните два и пол месеци, поради што сите натпревари на неколку спортски федерации се пренаменети во друга сала.

Имајќи ја предви горенаведената аргументација, изјавата  на Петар Богојески, дека спортскиот центар „Борис Трајковски“ е под стечај и не работи, дадена со цел да се креира впечаток дека во салата нема подготовки за масовна имунизација, ја оценуваме како невистинита.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција