Петер Маѓар не предложил Виктор Орбан да се кандидира за претседател на ЕУ
Пребарувањето на релевантни и кредибилни извори (меѓународни медиуми, агенции и официјални изјави) не дава никаква потврда дека Петер Маѓар дал ваква изјава. Oва тврдење се појавува главно на социјалните мрежи Фејсбук и Икс кои го пласираат без никакви докази и извори
Пребарувањето на релевантни и кредибилни извори (меѓународни медиуми, агенции и официјални изјави) не дава никаква потврда дека Петер Маѓар дал ваква изјава. Oва тврдење се појавува главно на социјалните мрежи Фејсбук и Икс кои го пласираат без никакви докази и извори
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Новиот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, предлага Виктор Орбан да се кандидира за претседател на ЕУ против Урсула фон дер Лајен во 2029 година: „Виктор Орбан може да стане претседател на ЕУ. Тој има визија и тврда политика кон миграцијата.“ Ова по нашки се вика на*укуваЈне до баLчак.
Пребарувањето на релевантни и кредибилни извори (меѓународни медиуми, агенции и официјални изјави) не дава никаква потврда дека Петер Маѓар дал ваква изјава, односно предлог за неговиот политички опонент Виктор Орбан.
Во најновите вести за победата на Маѓар на изборите во 2026 година и формирањето влада, никаде не се спомнува ваков предлог или изјава.
Анализите за политичката транзиција во Унгарија покажуваат дека Маѓар има проевропска ориентација и најавува реформи и подобрување на односите со ЕУ, што е спротивно на наративот во спорното тврдење.
Ваквото тврдење се појавува главно на социјалните мрежи. Постојат објави на Фејсбук и Икс кои го пласираат истото тврдење без никакви докази и извори.
Во објавата на Икс каде што се појавува ова тврдење, се пренесува дел од интервју на Петер Маѓар од февруари 2024 година, а во кое тој наводно вели:
Виктор Орбан може да стане претседател на Европската Унија. Тој има визија и цврста (строга) политика кон миграцијата.
Станува збор за интервју на Маѓар за Telex.hu дадено на 27 февруари 2024 година.
Во интервјуто за Telex.hu од 27 февруари 2024 година, Петер Маѓар не кажал дека Виктор Орбан треба да биде претседател на ЕУ, ниту пак, го пофалил неговиот „визионерски“ пристап.
Напротив, тоа интервју било едно од неговите први големи појавувања каде тој остро го критикуваше системот на Орбан. Во тој период (февруари 2024) често се зборуваше за тоа дека Унгарија ќе го преземе ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ (кое почна во јули 2024). Маѓар не го величал Орбан за ова, туку изразил загриженост дека поради конфликтите на Орбан со Брисел, Унгарија е изолирана и не може вистински да ги застапува своите интереси во Европа.
Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека објавата што ја анализираме е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар