Петре Шилегов

Петре Шилегов е актуелен градоначалник на Град Скопје

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Петре Шилегов е роден на 12 јуни 1969 година во Скопје. Шилегов е  оженет  и татко на две деца.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Средно образование завршува во тогашното средното училиште „Борис Кидрич’’, а дипломира на Правниот факултет при Универзитетот  „Кирил и Методиј‘‘ во Скопје во 1995 година.  Две години подоцна, во 1997 година, го положува правосудниот испит.

 

КАРИЕРА

Професионалната кариера ја започнува како адвокат во адвокатска канцеларија „Петре Шилегов” од  1999 година.

Во 2005 година бил  претседател на Второстепената државна комисија за жалби по јавни набавки.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Од 2013 година е потпарол на Социјалдемократискиот сојуз на Македонија сè до 2016 година кога е избран за потпретседател на партијата.

На парламентарните избори во 2014 година е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија. Втор последователен мандат како пратеник добива на парламентарните избори во 2016 година и оваа функција ја извршува до октомври 2017 година.

Во рамки на Собранието на Република Македонија своевремено е активен член во повеќе собраниски комисии и совети меѓу кои претседател на Анкетна комисија за скандалот со прислушкувањето, член на Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и претседател на  пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република и други.

По победата во првиот круг на локалните избори во 2017 година го започнува својот мандат како градоначалник на Град Скопје со што станува прв градоначалник на Град Скопје од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

 

ИЗВОРИ

Веб-сајт на Град Скопје: Градоначалник/Биографија

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција