Петровска: Го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина
Министерката за одбрана Славјанка Петровска за ТВ 24 изјави дека нашите институции во целост ги следат случувањата во и околу Украина коишто се поврзани со поставувањето на руските вооружени сили на границата со Украина.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска за ТВ 24 изјави дека нашите институции во целост ги следат случувањата во и околу Украина коишто се поврзани со поставувањето на руските вооружени сили на границата со Украина
„Морам да напоменам дека во целост ги поддржуваме напорите кои се одвиваат во рамките на НАТО Алијансата и ОБСЕ за надминување на оваа ситуација. Ова поставување на вооружените сили сметаме дека е провокативно и дестабилизирачко дејствување коешто всушност ја намалува безбедноста на европскиот континент“, изјави министерката Петровска.
Ги следиме случувањата во и околу Украина. Во целост ги поддржуваме напорите на НАТО и ОБСЕ за надминување на ситуацијата. Република Северна Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.https://t.co/5Hu68KTEhE
— Slavjanka Petrovska (@SlavjankaPetrov) January 23, 2022
Таа потенцираше дека Република Северна Македонија во целост го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Министерката Славјанка Петровска посочи дека земјава недвосмислено го поддржува и почитува Вашингтонскиот договор, како и сите фундаментални договори и документи, кои ја гарантираат безбедноста на Европа.
„Како држава членка на НАТО, ги повикуваме сите земји истото тоа да го направат, затоа што не мислиме дека разгорување на било каков конфликт може да допринесе со било што во подобрување на сегашната ситуација. Напротив, дијалогот и дискусиите треба да бидат, пред се, во интерес на сите нас“, изјави министерката Петровска.
Инаку, американскиот Стејт департмент денеска им нареди на семејствата на вработените во американската амбасада во Киев да ја напуштат Украина поради можна руска инвазија. На несуштинскиот дел од персоналот исто така му е советувано да си замине, како и на сите американски граѓани кои се наоѓаат во Украина.
Вашингтон предупреди да не се патува во Украина и Русија поради постојните тензии во регионот и можноста за вознемирување на американските граѓани, посочувајќи дека руската инвазија може да се случи во секој момент.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар