Плаќањата од трезорот на САД немале назначен код, што не значи дека се украдени
Оригиналните текстови од коишто е вршен преводот на македонски јазик покажуваат дека не се работи за кражба на пари, туку за нешто сосема друго. Одделот за владина ефикасност, (DOGE) во понеделникот извести дека плаќања во износ од 4,7 трилиони долари од трезорот немале назначено на себе код за следење. Но тоа не значи дека овие финансиски средства се „украдени“, како што се тврди во објавата
Оригиналните текстови од коишто е вршен преводот на македонски јазик покажуваат дека не се работи за кражба на пари, туку за нешто сосема друго. Одделот за владина ефикасност, (DOGE) во понеделникот извести дека плаќања во износ од 4,7 трилиони долари од трезорот немале назначено на себе код за следење. Но, тоа не значи дека овие финансиски средства се „украдени“, како што се тврди во објавата
Рецензираме објава на социјалната мрежа Threads во која пишува:
Во Америка се крадело повеќе отколку кај нас: Маск откри дека 4,7 трилиони долари од Министерството за финансии отишле некаде, кадешто никој досега не знае
Во федералната влада, ТАС кодот беше опционален за приближно 4,7 трилиони долари во плаќања и често беше оставан непополнет, што правеше следливоста на парите да е речиси невозможна. Од саботата ова поле е задолжително, што го зголемува нашиот увид за тоа каде одат парите, напишаа од Одделот за владина ефикасност на платформата Икс.
Според Илон Маск, оваа промена е „голем напредок за интегритетот на трезорските плаќања“.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како делумна невистина. Точно е дека за плаќања од 4,7 трилиони долари немало код, но не е точно дека овие финансиски средства се „украдени“.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар