Почна да се гради новиот пазар во Берово
Ова ветување го даде градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, за време на неговата предизборна кампања за локалните избори кои се одржаа во октомври 2017 година.
Проектот за изградба на нов, модерен зелен пазар во Берово е во тек. Ова ветување го даде градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, за време на неговата предизборна кампања за локалните избори кои се одржаа во октомври 2017 година
ВЕТУВАЊЕ: Берово заслужува модерен пазар и во следните години тој ќе го изградиме
(Изјава на Звонко Пекевски, градоначалник на Берово, Извор: А1он Датум: 05.10.2017)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Проектот за изградба на нов, модерен зелен пазар во Берово е во тек. Ова ветување го даде градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, за време на неговата предизборна кампања за локалните избори кои се одржаа во октомври 2017 година.
Имено, Пекевски на 05.10.2017 година, како што пренесе порталот А1 он, го посети Градскиот пазар во Берово каде се сретна со продавачите на тезгите и со посетителите на пазарот.
По разговорот со нив, Пекевски посочи:
Пазарот во Берово е мал. Егзистираат дваесетина тезги со земјоделски производи и 2-3 тезги со текстил. Пазарот работи само во четврток, но сепак големата посетеност од страна на беровци. Берово заслужува модерен пазар и во следните години тој ќе го изградиме.
Во отчетот за сработеното во првите 100 дена од мандатот, градоначалникот Пекевски, како што јави Прес 24, нагласил дека во финална фаза е тендерската документација за изградба на зелен пазар во Берово за што се обезбедени средства од проектот МСИП на Светска Банка, со поддршка на ЕУ во висина од 134.550 евра.
Овој проект бил еден од приоритетите на кој работела општинската администрација во Берово под раковоство на градоначалникот Звонко Пекевски во првите сто дена локална власт.
На 21.08.2018 година, како што пренесе порталот Слободен печат, започна изградбата на зелениот пазар во Берово.
Во Берово денеска започна изградбата на зелен пазар. Вредноста на инвестицијата изнесува 12.468.650 денари, од кои околу 135 илјади евра се грант од Светска банка, а останатите се буџетско учество од општина Берово. Како што истакна градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, изградбата на градскиот пазар ќе значи подобрување на условите за вршење пазарна дејност за беровските производители.
Веста беше објавена и на официјалната веб страна на Општина Берово.
Како најповолен понудувач на јавниот повик се јавила фирмата ВИА Инжинеринг ДОО од Вевчани, а пазарот ќе се протега на покриена површина од околу 1800 метри квадратни. Ново проектираниот објект на пазарот ќе се состои од три модули, два продажни делови и влезен дел. Во едниот модул ќе се продаваат раноградинарски и земјоделски производи, а во другиот овошје и друг вид на прехранбени производи, се вели меѓу другото во објавата.
Имајќи го предвид сето погоре, може да се заклучи дека ветувањето на градоначалникот Пекевски за изградба на модерен пазар во Берово, е во тек.
ИЗВОРИ:
- А1 он (05.10.2017) – Пекевски: Берово заслужува модерен пазар и во следните години ние ќе го изградиме [Пристапено на 27.08.2018]
- Прес 24 (15.02.2018) – Отчет на градоначалникот на Берово за првите сто дена од работењето [Пристапено на 27.08.2018]
- Слободен печат (21.08.2018) – Започна изградбата на зелен пазар во Берово [Пристапено на 27.08.2018]
- Официјална веб страна на Општина Берово (21.08.2018) – Берово наскоро ќе добие затворен градски пазар [Пристапено на 27.08.2018]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар