Почна изградбата на училишна спортска сала во Јегуновце

Фото: ФБ профил на градоначалникот на Општина Јегуновце

 

Ветување: Изградба на училишна спортска сала

[Извор: Изборна програма на Дарко Блажески за локалните избори 2017 – „Живот во Јегуновце за сите“ (стр.13) , датум: октомври 2017]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во предизборната програма „Живот во Јегуновце за сите” , со која градоначалникот на Јегуновце, Дарко Блажески, како кандидат на СДСМ излезе на локалните избори  во 2017 година, е дадено ветување за изградба на училишна спортска сала. Ова негово изборно ветување е во тек на реализација.

На 26 октомври (2019), градоначалникот Дарко Блажески на својот Фејсбук профил објави фотографии од почетокот на работните активности за изградбата на ова сала. Во овој пост, меѓу другото, пишува:

На мое задоволство и задоволство на граѓаните на Јегуновце, од денеска почнуваме со реализација.

Средствата за изградба на овој проект се обезбедени со помош од Владата, а тоа го соопшти и самиот градоначалник:

Владата на РСМ, предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, обезбедија стредства за реализација на овој битен проект.

Од Секторот за градежништво на Општина Јегуновце потврдија дека спортската сала се гради во рамките на основното училиште „Александер Здравковски” и потврдија дека буџетот е обезбеден со помош од Владата на РВМ.

Според овие информации и проверката во лице место, може да се констатира дека ветувањето на градоначалникот на Општина Јегуновце, Дарко Блажески, за изградба на нова спортска сала, е во тек.

******

Изградба на училишна спортска сала ветуваше и претходниот градоначалник на Јегуновце,Тони Коцески  (ВМРО-ДПМНЕ), но не успеа да го реализира ветениот проект. На крајот од неговиот мандат „Вистиномер“ го проверуваше ова негово ветување  и го оцени како неисполнето.

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција