Подкаст Контекст: Како еден мобилен телефон може да направи војна преку ширење дезинформации
Гостин во оваа емисија на подкастот Контекст на Вистиномер е Ѕвездан Георгиевски, долгогодишен новинар и колумнист. Сè уште активен во новинарската професија, Георгиевски е автор на неколку романи. Минатиот месец од печат излезе неговиот најнов роман, „Страв од чекорење“.
Уредникот на Вистиномер Владимир Петрески со Георгиевски разговара на темата за дезинформации, дезинформациски наративи, за заштита на информацискиот интергитет на нашата јавна сцена, на јавниот дискурс, медиумите и онлајн платформите.
Георгиевски на почетокот на разговорот посочи дека дезинформациите експлодираа кога интернетот го завладеа медиумски простор, што е парадокс, бидејќи денес најлесно можете да ги проверите информациите токму на интернет. Тој го илустрира интернетот како „шведска маса“ на информациите, но не мора да значи дека сè што се наоѓа на неа е квалитетно.
Луѓето се склони својата положба во светот да ја толкуваат не како сплет на околности, туку буквално како некаков заговор против нив… Секој за себе мисли дека е паметен, способен, дека знае и е доволно умен, но зошто не успеал во својот живот, и тогаш се криви Европска Унија, партија, политика, светот, вакцините… сето тоа им е криво. Лесно се подлегнува на теории на заговор. Лично познавам луѓе кои можат да бидат излажани на една тема, а на друга не, Георгиевски објаснува зошто луѓето подлегнуваат на теориите на заговор.
Целиот разговор со Ѕвездан Георгиевски во емисијата на подкастот Контекст можете да го погледнете на Jутјуб каналот на Вистиномер.мк.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар