Подкастот Контекст со емисија за климатските промени – дали се факт или теорија на заговор?
Во оваа емисија на поткастот Контекст, кој се емитува на Jутјуб каналот на Вистиномер.мк, темата во фокус се климатските дезинформации. Односно, транзицијата кон обновливите извори на енергија, стравовите поврзани со промени на пазарот на трудот, како и секојдневните навики со кои граѓаните може да го намалат сопствениот јаглероден отпечаток. За ова, новинарката Деспина Ковачевска разговара со Весна Дишлијовска
Зошто, и покрај огромниот број научни докази, сè уште се шират дезинформации за климатските промени? Што е време, а што клима? Зошто денес почесто се појавуваат екстремни временски непогоди? Зошто теориите на заговор лесно се вкоренуваат во јавноста?
Во најновата епизода на поткастот „Контекст“, кој се емитува на Јутјуб каналот на Вистиномер.мк, новинарката Деспина Ковачевска разговара со Весна Дишлијовска, правничка од Центарот за климатски промени за тоа дали климатските промени се научно докажан факт или само уште една теорија на заговор. Дишлијовска посочува дека климатските промени се мерлив, глобален процес:
„Кога имате голем број податоци собрани од различни научници, со различни методи и од различни институции, шансата за манипулација е многу мала. Науката е транспарентна, темелна и проверлива“ вели таа.
Во епизодата се отвораат и прашања за транзицијата кон обновливите извори на енергија, стравовите поврзани со промени на пазарот на трудот, како и секојдневните навики со кои граѓаните може да го намалат сопствениот јаглероден отпечаток.
Гостинката упати и порака до младите „секогаш кога ќе имате можност, засадете барем едно дрво. Тоа е одлична идеја, така ги чуваме белите дробови на нашата планета“.
Новата епизода на Контекст ќе ја најдете на Јутуб каналот на Вистиномер.мк.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар