Подкастот Контекст со емисија за најраширени aнтиваксерски дезинформации и наративи

Принтскрин: Јутјуб канал на Вистиномер.мк

Во оваа емисија на поткастот Контекст, кој се емитува на Jутјуб каналот на Вистиномер.мк, главниот и одговорен уредник на Сервисот за проверка на факти Владимир Петрески со новинарката Мирослава Симоновска ја дискутираше темата за на антиваксерските наративи, како настануваат и како се развиваат

 

Кога започна ширењето на антиваксерските содржини во Македонија? Како експлодираа за време на Ковид пандемијата? Зошто истите наративи опстојуваат и денес, иако се научно побиени?

Ова се некои од прашањата што беа дискутирани во оваа епизода од подкастот „Контекст“, што се емитува на Јутјуб каналот на Вистиномер.мк. Главниот фокус на епизодата беше на антиваксерските наративи, како настануваат и како се развиваат, тема којашто главниот и одговорен уредник на сервисот за проверка на факти Владимир Петрески ја дискутираше со новинарката Мирослава Симоновска, добитничка на бројни новинарски награди и децениско искуство.

Симоновска во Контекст вели дека „антиваксерските приказни успеваат затоа што медицината е сложена, а стравот е едноставен. Тоа е најзгодната комбинација за манипулација.“

Симоновска одамна пишува за истражувањата во областа на здравството и за систематското разоткривање на дезинформациите поврзани со медицината. Анализирани беа најчестите манипулации како злоупотребата и лажното толкување на медицински студии, ширењето страв дека вакцините предизвикуваат аутизам, неплодност или дури смртоносни последици.

Многу е важно родителите што ќе мислат. Децата никој не ги прашува, а и не се ни информирани. За новите генерации, тоа што се случува со нив на полето на вакцинацијата зависи од информациите и дезинформациите со коишто се задоени нивните родители. Кога се случи ковид пандемијата почнав да верувам дека постојат центри ширум светот коишто сакаат да дезинформираат на оваа тема. А како го знам тоа? Затоа што забележав дека истите дезинформации се појавуваат од Германија до Македонија на истата тема со истите конструкции на речениците, а тоа не би можело да се случува ако некој не го координиралвели Симоновска.

Погледнете ја целосната епизода и дојзнајте зошто критичкото читање и проверката на изворите се клучни за јавното здравје.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција