Подкастот Контекст со емисија за најраширени дезинформации насочени кон ранливи групи граѓани

Принтскрин: Јутјуб канал на Вистиномер.мк

Во оваа емисија на поткастот Контекст, кој се емитува на Jутјуб каналот на Вистиномер.мк, на темата за дезинформациите кои манипулираат со најранливи групи граѓани и опасноста од вештачката интелигенција, новинарот на Вистиномер Стојан Синадинов разговара со Ана Глигорова, активистка за човекови права и мултимедијална уметница

 

Кои се најчестите дезинформации насочени кон најранливите групи граѓани? Какви дезинформации се пласираат за да се изнудат пари од граѓаните? Како функционираат злоупотребите на Законот за облигациони односи и Законот за нотаријат, и како се манипулира со нив?

Зошто се занемарува социјалниот аспект, вклучен во основните начела на Уставот и како функционира виртуелниот свет на долгови?

Дали вештачката интелигенција ќе му користи на човештвото или е најголемата закана за неговата иднина?

Во оваа емисија на поткастот Контекст, кој се емитува на Jутјуб каналот на Вистиномер.мк, за дезинформациите кои манипулираат со најранливи групи граѓани и механизмите преку кои тие се реализираат, новинарот на Вистиномер Стојан Синадинов разговара со Ана Глигорова, граѓанска активистка. 

Јас не се плашам од компјутерите, јас се плашам од недостаток на компјутери! Постои една голема планетарна манипулација со вештачката интелигенција, дека таа ќе го преземе човештвото. Далеку е тоа, но затоа се создава една голема хистеризација, а најверојатно зад тоа стои оправдувањето за отпуштање на луѓето од работа, како и маргинализирање на многу професии, меѓу нив и новинарската, телевизиската и други, вели Глигорова во разговорот за подкастот Контекст. 

Ана Глигорова е мултимедијална уметница по вокација и активистка за човекови права по политички порив. Повеќе од една деценија е активна во напорите на граѓанскиот сектор да се справи со манипулациите со облигационите односи и извршувањата, посебно кај граѓаните со ниски примања.

Манипулациите со човековите права тргнуваат од когнитивните предрасуди. Човек може да биде супер интелигентен и супер образуван, без оглед дали е на финансиското дно, дел од средната класа или богат, но тој веќе изградил свој свет, базиран на некоја идеологија која можеби е потполно лажна. Тој човек е веќе сигурен во неа, и е повеќе подложен на дезинформацијата која одговара на тој свет, посочува Глигорова.

Целиот разговор со граѓанската активистка Ана Глигорова во емисијата на подкастот Контекст можете да го погледнете на Jутјуб каналот на Вистиномер.мк.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција