Подкастот Контекст за потрагата по вистината меѓу алгоритмите на порталите и социјалните мрежи

Принтскрин: Јутјуб канал на Вистиномер.мк

Во оваа емисија на поткастот Контекст, кој се емитува на Јутјуб каналот на Вистиномер.мк, гостин на новинарот на Вистиномер Стојан Синадинов е Зоран Бојаровски, новинар и уредник на Рацин.мк

 

Зошто медиумската писменост денес е ултимативна „алатка“ за да можеме да ги препознаеме дезинформациите и манипулациите?

Како една влада треба да се справува со дезинформациите и спиновите?

Како се движеше еволуцијата од глобалното село на Маршал Маклуан до глобалната дигиталната социјална мрежа? Дали денес секој може да биде славен макар на 5 минути? Дали денес секој може да биде медиум?

Може ли да се случи дигиталната револуција да ги „изеде“ своите деца? Како да се препознае вистината, наместо нејзината „поствистинска“ димензија?

За овие предизвици на медиумите и социјалните мрежи, но и поединците во новата дигитална ера и напливот на вештачката интелигенција разговараме со Зоран Бојаровски, новинар, медиумски едукатор и актуелен уредник на порталот Рацин.мк.

 

Аналогијата дека денес читаме меѓу алгоритмите на интернет-страниците и социјалните мрежи е добра, и денес е навистина така. За да стигнеме да читаме меѓу алгоритми, денес публиката треба да биде медиумски писмена. Ако на времето кога читавме весници, читавме меѓу редови, и тогаш публиката требаше да биде медиумски писмена за да знае. Но, читањето меѓу редови тогаш и читањето меѓу алгоритни денес е голема разлика, вели Бојаровски за потребата од медиумска писменост.

Целиот разговор со Зоран Бојаровски во емисијата на подкастот Контекст можете да го погледнете на Jутјуб каналот на Вистиномер.мк.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција