Подобрени условите во повеќе училишта и градинки во Охрид

Фото: ohrid.gov.mk

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески на предвремените локални избори во април 2019 година вети подобрување на условите во градинките и училиштата во Охрид. Ова ветување на Георгиески е исполнето. Проверката на „Вистиномер“ покажа дека во изминативе две години се направени конкретни активности за уредување на повеќе воспитно-образовни институции во Општина Охрид. Од 2019 до 2021 година градежни зафати се извршени во вкупно 16 основни и средни училишта во градот и селата и во две детски градинки.

Ветување: Подобрување на условите во градинките и училиштата во Охрид.

[Извор: Охрид Нет Претставување на Изборна програма; датум: 25.04.2019 г.]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески на предвремените локални избори во април 2019 година вети подобрување на условите во градинките и училиштата во Охрид. Ова ветување на Георгиески е исполнето.

Проверката на „Вистиномер“ покажа дека во изминативе две години се направени конкретни активности за уредување на повеќе воспитно-образовни институции во Општина Охрид. Од 2019 до 2021 година градежни зафати се извршени во вкупно 16 основни и средни училишта во градот и селата и во две детски градинки.

Реконструкции се извршени во основните училишта во селата:

Пештани – нов покрив и дограма;

Коњско –  нов покрив и подови;

Елшани – нов покрив и подови;

Емуц „Св Наум Охридски“ – нови подови, кров, фасада, дограма , нови тавани, лед осветлување, нова училишна спортска сала и спортското игралиште;

ОУТУ „Ванчо Питошески“ – нови санитарни јазли и современ кабинет за практична настава;

ООУ „Христо Узунов“ – нови санитарни јазли и комплетна реконструкција на подовите и покривот;

ООУ „Свети Климент Охридски“ во населба „Далјан“ – промена на дограмата и беа реконструирани подовите, нов инвентар, варосување ѕидовите;

Гимназија ОСУ „Св. Климент Охридски“  реконструиран кровот;

ООУ „Св Климент Охридски“ – Стар град – нова дограма и осветлување;

ООУ „Григор Прличев“ – нови реконструирани подови во ходничните простории, реконструирана дограма, реконструирани подовите во неколку училници и реконструкција на дел од тоалетите;

 СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – промена на дограма, нови санитарни јазли;

ООУ„Кочо Рацин“ во село Долно Лакочереј – нови подови во подрачното основно училиште;

ОМУ „Методи Патчев“ – нова и енергетски ефикасна дограма;

ОУ „Григор Прличев“ во населбата „Рача“ – уреден влез, нови клупи, ново осветлување реконструкција на оградата и влезот;

ООУ „Кочо Рацин“ – варосување и естетско уредување на училниците;

ОУ „Ванчо Николески“ село Лексоец – реновиран ентериерот, санитарни јазли, ѕидови, подови и тавани;

Детска градинка „Билјана“ – нов покрив;

Детската градинка „Росица“ – нов покрив.

Во врска со обновувањето на училиштата, Георгиески на почетокот на оваа година (февруари 2021) на една јавна дебата за унапредување на средното стручно образование градоначалникот на Охрид, меѓу другото, кажа дека:

Општина Охрид во рамки на своите надлежности постојано инвестира во подобрувањето на условите за учениците во средните училишта. Во текот на изминатиот период беа реализирани значајни реконструктивни зафати и проекти, а вакви активности се планирани и во иднина. 

На почетокот на учебната година 01 септември, во основното училиште во Пештани градоначалникот Георгиески информираше дека:

Во училиштето во Пештани го променивме кровот и дограмата, а во подрачните училишта во селата Елшани и Коњско ги променивме кровот и подовите. Работевме и работиме на реконструкции и разубавувања во повеќе охридски училишта.

Имајќи ги предвид горенаведените реконструктивни зафати во образовно-воспитните институции во изминатите две години, ова ветување на Георгиески го оценуваме како исполнето.

Инаку, од Општина Охрид побаравме , но не успеавме да добиеме одговор за тоа колку вкупно чинат наведените инвестиции во образованието, сепак тоа не ја менува оценката за реализацијата на ветувањето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Соња Рилковска

 

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција