Подобро „дезинфекција“ отколку дезинформација!

Илустрација

„COVID 19“ познат како „Корона вирус“ e клучен збор во последно време, а веста за тоа е од голем интерес за јавноста. Речиси сите се во неизвесност да видат како се развива ширењето на овој мистериозен вирус, какви ќе бидат мерките на владите и каков ќе биде крајот на оваа „анксиозност“.
Луѓето во ситуации кога имаат ограничувања на нивните слободи се склони да веруваат во сè што слушаат, а манипулирањето со нивните чувства е најлесното нешто што некогаш може да се направи. Затоа, теориите на заговор кои кружат дури и кога населението е во изолација, во никој случај не треба да спаѓаат во категоријата вести. И покрај фактот дека повеќето информации што кружеа во медиумите во нашата земја, главно врз основа на официјални податоци на надлежните институции, текстовите со „теории на заговор“ кои предизвикуваат паника и страв, не изостанаа.

 

Скриншот од објавената вест

Линк до оригинален напис: „НАЈНОВА ВЕСТ/ НЕШТО ГОЛЕМО СЕ КРЧКА ВО ЕВРОПА“  LAJMl FUNDlT / DlÇKA E MADHE PO ZIHET NE EUROPE (VlDEO)

Датум на обавување: 19.03.2020

 Датум на рецензија21.03.2020

 Рецензира: Ајнур Бафќари

Таков е случајот со текстот што го разгледуваме, кој во моментот кога е објавена оваа рецензија, текстот е тргнат од веб страницата. Авторот користел сензационалистички наслов, со манипулативни намери и голема доза на хипербола, со “caps lock ON” и висока тенденција да предизвика паника. Насловот дури најавува и видео. Во вонредна состојба кога населението се повикува цело време да остане во затворено, во нивните домови, текстот како овој секако би сеел страв. Некој го злоупотребил тоа и, без човечност и професионалност, решил да објави токму текст со ваква содржина. Овој пат ве повикуваме веднаш да ги игнорирате ваквите текстови, особено кога доаѓаат од „анонимни“ веб-страници.

„Вкупно 37.000 вооружени војници .. за каква цел? Да им помогнат на државите да го запрат овој хиперболизиран вирус или да им помогнат на оние што го контактираат? Апсолутно не! Тие успеаја да се преместат или, користејќи ги зборовите на високи американски офицери, да се „шират“ на европска територија за да се започне „Evropian Defender 20“ што ќе започне во април и ќе заврши во јули!! Дали граѓаните биле информирани за што е тоа? Секако не! „Evropian Defender 20„ е вежба креирана од владата на САД во соработка со НАТО за тестирање на стратегии што ќе ги користат САД и Европа (што го потврдува нејзиното потчинување кон САД), доколку постои закана која води до хипотетичка војна. Кликнете во рекламата“– се вели во текстот.

Текстот започнува со бројки, а потоа продолжува со прашалници, потоа без засновани констатации. Теориите на заговор се низ целата содржина на текстот. Авторот повремено со целосна доверба, користејќи изрази како „апсолутно не!“ и “се разбира дека не!” се обидува да ги поддржи неговите теории и да ги „одговори“ неговите прашања, кои до крајот на текстот немаат одговор.

 „Кликни на рекламата“, читај како „Честитки, само што сте измамени“

Ова е празен текст, нема никаква информација, нема факти, нема извор на информации и ништо што може да му служи на читателот. Целта на овој текст е само да предизвика паника и да се соберат што е можно повеќе кликања.

Како и да е, на читателите треба да им биде јасно дека тие се заведени од фактот дека насловот најавува видео кое никаде го нема. Авторот на крајот од текстот безобразно дури ги замолува читателите да кликнат на рекламата што јасно укажува на целта на текстот.

Не станувајте медиумски профитер!

Со овој параграф се обраќаме до авторот на текстот: „Ве молиме внимавајте што им нудите на читателите во кризна состојба како оваа“. Дали сте свесни дека другите автори и новинари кои трчаат по вистината на теренот, изложени директно на опасност, го прават токму спротивното. Вие зад вашите уреди, кршејќи ги сите принципи на Етичкиот кодекс за новинарите, упатувате спротивен повик од она што го прави остатокот од светот. Кое е вашето тврдење? Според вас, што треба популацијата да направи ако поверуваше во оваа содржина?

Концепти на манипулација „Повик на можност“, „Оправданост на околности“ и „Повик на емоции“

Авторот на статијата свесно или несвесно направи серија манипулации со што покажува невидена сериозност. Авторот, како што разбравме од тоа што го напишал, им наметнува на читателите да верувват дека нешто ќе се случи само заради тоа што такви се чинат околностите. Тој, исто така, верува дека овие претпоставки ги докажува, иако без факти, засновани врз различните теории што кружат во ова бурно време. Но, не завршува тука, самата ситуација и начинот на кој се пишува текстот, така што наместо факти, ги става во функција непријатните чувства кај граѓаните, како страв, несигурност, тага и сл., што не спаѓа во работата на еден совесен новинар, затоа што вистинската работа на еден новинар е да се грижи за информирањето на граѓаните ама само врз основа на вистината поткрепена со факти!

Концептите на маниупалција во споменатиот текст се опишани во Прирачникот  КриТинк.

Дезинфекција да, дезинформација никогаш!

Читатели, додека цело време се повикува „грижа да, паника не“, вие само треба да останете во вашите домови, да се грижите за вашето здравје и здравјето на вашето семејство, да се грижите за јавното здравје на сите граѓани и да се информирате од доверливи медиуми и само од официјални извори. Во моментот, додека чекате на надлежните институции да се справат со оваа „војна“, вие можете да помогнете само со почитување на мерките и препораките што ви се дадени. Запомнете, направете “unfollow” сите веб-страници што ве дезинформираат, направете си услуга себеси.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција