Бројот на вакцини низ годините на календарот за детска имунизација расте, но тоа не е факторот што придонесува да има повеќе дијагностицирани деца со аутизам. Причините се подобра дијагностика и детекција, поголема свесност и поголем развој на медицината. За сите вакцини (бројот е помал од 72) постојат и студии и ригорозни тестирања и пред апликација и до ден денешен
Бројот на вакцини низ годините на календарот за детска имунизација расте, но тоа не е факторот што придонесува да има повеќе дијагностицирани деца со аутизам. Причините се подобра дијагностика и детекција, поголема свесност и поголем развој на медицината. За сите вакцини (бројот е помал од 72) постојат и студии и ригорозни тестирања и пред апликација и до ден денешен
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Во САД за 72 одобрени вакци не постојат студии за евентуално несакани последици. Ова со вакциниве нема да е само теорија на заговор.
Потоа се објавува фотографија каде што се наведени наводниот број на вакцини во САД низ годините, со поента дека како што бројот на вакцини за детска имунизација расте, така расте и бројот на случаи со аутизам. Неосновано се прави корелација меѓу бројот на примени вакцини и растот на бројот на случаи со аутизам. Распоредот на имунизација конкретно во објавата е оној на американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Медицинските истражувања укажуваат на тоа дека вакцините не предизвикуваат аутизам. Експертите сметаат дека поголемиот број детектирани пациенти со аутизам е поради зголемената свест и подобрите методи за идентификација..
Одделението за безбедна имунизација при Центарот за контрола и превенција болести на САД, за проверувачите на факти на „Франс Прес“ тврди дека вакцините не предизвикуваат аутизам.
Сите вакцини се темелно мониторирани за тоа дали се безбедни, пред да бидат лиценцирани, а безбедноста се надгледува и по одобрувањето. Нема податоци кои би индицирале каузална врска меѓу вакцините и појавата на аутизам, велат од Центарот за контрола и превенција на болести за АФП.
Тврдењата дека детските вакцини предизвикуваат аутизам датираат уште од 1998 година и како што „Вистиномер“ претходно пишуваше, главниот нивен катализатор во тоа време е британскиот доктор со одземена лиценца Ендру Вејкфилд. Повеќе за тоа прочитајте на следниот линк.
Тврдењата на Вејкфилд дека „вакцините предизвикуваат аутизам“ резултираа со тоа што студијата објавена во Лансет да биде повлечена (во 2010 година), откако беше откриено дека вклучува фалсификувани податоци. Британските медицински власти подоцна ја повлекоа лиценцата на Вејкфилд да се занимава со медицина, односно неговата лиценца беше одземена.
Студијата на Лансет, сепак, предизвикува паника и последици кои до ден денешен се поправаат.
За жал, оваа публикација предизвикана паника која резултираше со опаѓачки стапки на имунизација и последователни епидемии на болести, пишува Светската здравствена организација на својата веб страница.
Истражувањата кои беа објавени после публиката на Вејкфилд покажаа дека детските вакцини не предизвикуваат аутизам.
Студија од 2002 година покажа дека меѓу 537.303 вакцинирани деца во Данска, од кои 82 проценти ја примиле МРП вакцината, ризикот од аутизам бил ист како и во невакцинираната група. Во 2009 година истражувачите од Детската болница во Филаделфија испитаа седум студии, барајќи можна врска меѓу тимеросал (состојка во вакцините) и аутизмот. Но, врската не беше пронајдена. Студија на Центарот за контрола и превенција на болести од САД, од 2013 година, откри дека количеството на антигени кои се добиваат од вакцините во првите две години од животот, не го зголемува ризикот детето да добие аутизам.
На сајтот на Центарот за контрола и превенција на болести во САД е објавен распоредот за имунизација на децата до 18 години и може да се погледне овде.
За сите вакцини (бројот е помал од 72) до ден денешен постојат и студии и ригорозни тестирања и пред нивната апликација кај пациентите.
Тоа што во него има повеќе вакцини отколку пред години, претставува само напредок на медицинската наука за заштита од болестите, а не ризик од аутизам, како што невистинито се тврди во објавата што ја рецензираме.
Од распоредот се гледа дека децата во САД на возраст од 0 до 15 месеци се добиваат 27 дози
Тие се обележани со жолто во распоредот.
Од 18 месеци до 18 години пак се добиваат 17 дози.
Сите вакцини во календарот на Центарот за контрола и превенција на болести поминуваат ригорозни процеси на испитување и на одобрување. Во 2013 година, кога се извршени испитувања на препорачаните детски вакцини, не беа пронајдени безбедносни ризици.
Центарот за контрола и превенција на болести проценува дека едно во 36 деца има аутизам – пропорција четирипати поголема од минатото. Откриен е и сличен глобален тренд.
Неколку студии проценуваат дека преваленцата на аутизам во осумдесеттите била многу помала од денеска. Но, има неколку потенцијални причини за овој раст на случаите кои никако немаат врска со вакцинацијата, пишува Франс Прес.
Најочигледното објаснување е дека аутизмот денес е многу подобро препознатлив, подобро се детектира. Така што има повеќе методи за едукаторите и клиничарите да го препознаат и да дадат повеќе услуги на лицата на кои им треба помош, вели Паул Офит , директор во болницата во Филаделфија.
Прегледот од 2022 година за аутизмот во светот, покажуав дека причините за поголемиот број случаи е тоа што расте свесноста за аутизмот во општеството, во јавниот и здравствениот сектор, има координиран одговор на светско ниво, напредок во идентификацијата и дефиницијата.
Најмалку 20 студии покажуваат дека вакцините не се поврзани со аутизмот. Тоа во интервју за „Вистиномер“ (во декември 2021) го потврди и пензионираниот раководител на службата за општа хигиена и здравствена медицина при Центарот за јавно здравје Тетово, доктор Џавид Фејзули .
Според сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар