Погрешна интерпретација на апстракт за врска меѓу мултиплекс склероза и вакцините против ковид

Фото: скриншот од дел од постот

СЗО предупредува дека истражувањето е ограничено и дополнителни студии се потребни за да се потврдат или негираат заклучоците. Се работи за апстракт од само 2 случаи, тоа не е потврдено и рецензирано истражување и не е документ кој бил продуциран или поддржан официјално од страна на Светската здравствена организација

СЗО предупредува дека истражувањето е ограничено и дополнителни студии се потребни за да се потврдат или негираат заклучоците. Се работи за апстракт од само 2 случаи, тоа не е потврдено и рецензирано истражување и не е документ кој бил продуциран или поддржан официјално од страна на Светската здравствена организација

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Светската здравствена организација вели дека вакцината против ковид може да предизвика мултиплекс склероза ( за другите нус појави во друга прилика ).Среќа навреме ве предупредуваат дека дупењето е безбедно и ефикасно…
Потоа се споделува фотографија која наводно треба да биде доказот дека СЗО признала дека вакцината против ковид-19 може да предизвика мултиплекс склероза.
Но, како што пишуваат проверувачите на факти на Асошиејтед Прес, ова не е вистина, односно СЗО нема признаено такво нешто. Базата на податоци на сајтот на СЗО, прикажува и апстракт од презентација на конференција за истражување за два неодамнешни случаи на мултиплекс склероза. Студиите на случај покажале дека може да има потенцијален линк меѓу ова и вакцините против ковид, но не го заклучуваат ова дефинитивно со сигурност, односно не заклучуваат со сигурност дека вакцините против ковид-19 ја предизвикале невролошката состојба, според експерти кои ги контактирале Асошиејтед прес, а кои работат на полето на мултиплекс склерозата.
Еден од авторите на истражувањето од постот кој го рецензираме, исто така, потенцирал дека инфекцијата со ковид-19 носи поголем ризик за предизвикување мултиплекс склероза, отколку вакцината против ковид.

Во постот кој го рецензираме се споделува фотографија од неодамнешно истражување со наслов „Вакцините против ковид 19 можат да предизвикаат мултиплекс склероза преку крос реактивните CD4+ T клетки кои го препознаваат Сарс Ков 2 спајк протеинот и миелинските пептиди“.

Мултиплекс склероза е потенцијално онеспособувачка, но ретко фатална невролошка болест која се случува кога имунолошкиот систем, односно неговите клетки по грешка ја напаѓаат заштитната обвивка на нервните влакна, постепено еродирајќи ги.

Точната причина за хроничната болест не е позната, но таа афектира повеќе од еден милион Американци и предизвикува симптоми како промени во расположението, проблеми со меморијата, болка, замор, слепило па дури и парализа, според Националната асоцијација за мултиплекс склероза.

На фотографијата од постот кој го рецензираме се гледа апстракт од истражување кое може да се пронајде во базата на глобални истражувања за ковид 19. Но, не е документ односно истражување кое било продуцирано или поддржано официјално од страна на Светската здравствена организација!

Апстрактот, создаден од истражувачи на Универзитетската клиника во Цирих, Швајцарија, бил објавен во 2022 година во журналот за мултиплекс склероза. Во истражувањето, вклучени се два случаи на мултиплекс склероза кои починале во блиско временско растојание со примањето на мРНК вакцина и во него се заклучува дека починувањата можеби биле предизвикани од вакцините против ковид-19, велат експерти за Асошиејтед прес.

СЗО, исто така, предупредува дека истражувањето е ограничено и дополнителни студии се потребни за да се потврдат заклучоците.

Ваквите студии на случај, поради нивната типично ретроспективна природа, може да се користат за да се воспостави корелација меѓу експонираност и исход, но не можат да потврдат каузалност. Овие студии едноставно се обидуваат да најдат корелации меѓу минати настани и моменталната состојба, објавува Асошиејтед Прес.

Роланд Мартин, професор по неврологија на Универзитетот во Цирих и еден од авторите на студијата вели дека истата покажува оти вакцината била поврзана со појавата на мултиплекс склероза во барем два случаи кај двајца пациенти.

Но, тој додава дека изборот на зборови во апстрактот кој се појавува и во постот кој го рецензираме е веројатно пресилен, бидејќи има многу други можни фактори за мултиплекс склероза, вклучително и генетски предиспозиции како и фактори од самиот начин на живот.

Ова прашање е многу важно и се надевам дека корисноста на вакцините нема да се доведува во прашање од страна на нашите опсервации со оглед на тоа што нема сомнеж дека ризиците за мултиплекс склероза се повисоки со природни инфекции базирано на моменталните податоци, вели тој за Асошиејтед Прес.

Потпретседателот на националната агенција за мултиплекс склероза Џули Фиол, се согласува и потенцира дека за да се докаже причина и ефект, потребни се друг вид на студии кои се викаат експериментални, и тоа со многу голем број на учесници, од различни локации.

Причина и ефект не може да бидат утврдени во опсервациска студија, вели Фиол.

Фиол, исто така, забележува дека од воведот во апстрактот кој го има и во постот кој го рецензираме, се потенцира дека други истражувања потврдиле дека нарушувањата на нервниот систем преидзвикани од мултиплекс склероза почесто се случуваат после инфекција со ковид 19, отколку после вакцинација против ковид 19.

Таа, исто така, вели дека студија објавена лани во Журналот за невроимунологија се фокусирала на мал број случаи на мултиплекс склероза кои се појавиле после ковид вакцина.

Но, истражувачите од невролошкиот институт на Клиниката Кливленд во Охајо, утврдиле дека каузалноста меѓу вакцинацијата и појавата на мултиплекс склероза не може да биде утврдена базирано на петте случаи кои што ги испитале и препорачале дополнителни испитувања.

Ова истражување од постот кој го рецензираме, уште не е публикувана студија, туку само апстракт заедно со други, презентиран на конференцијата на Европскиот комитет за третман и истражување на мултиплекс склероза лани.

Апстрактите од конференции се рутински објавувани за информативни причини и само се извештај за документите и постерите презентирани на одредена конференција. Тие често претставуваат нецелосни истражувања и се користат за да се добие фидбек и да се најдат соработници. Не се прегледани од медицинската задница на ниеден начин и публикацијата на апстракт не е исто со публикација на истражување, вели Камил Гамбоа, портпарол на Сејџ, издавачот на журналот за мултиплекс склероза.

Поради сите горенаведени факти постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит, со оглед на тоа што се работи за апстракт од само 2 случаи, тоа не е потврдено и рецензирано истражување и не е документ кој бил продуциран или поддржан официјално од страна на Светската здравствена организација.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција